Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потписот на Фатиме фалсификуван, но прегласување нема да има

0
By Нова ТВ on December 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 20, 2016 19:40

Управниот суд ја уважи тужбата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и со тоа е донесена конечна одлука дека нема да има прегласување во Гостивар. Оваа одлука на судот, која вечерва ја објави на својата интернет страна, е спротивна на одлуката на Државната изборна комисија која на седница минатата недела донесе заклучок дека гласањето на едно избирачкото место во Гостивар било незаконско.

Имено, приговорот по кој постапуваа членовите на ДИК, беше поднесен од БЕСА и се однесуваше на спорното гласање во избирачкото место 0396/1. Се работи за процесот на гласање на Фатиме Сулејмани, која кога дошла на изборното место сфатила дека некој веќе го искористил нејзиното право на глас. Во ДИК беа повикани на сослушување претседателот и членовите на изборната комисија, како и самата Сулејмани, по што беше донесена одлука да се изврши графолошко вештачење на потписот. Графологот утврди дека нејзиниот потпис бил фалисфикуван.

Одлуката на ДИК да се прифати приговорот на БЕСА, беше донесена со 6 гласа за и 3 против, со што членовите на комисијата донесоа одлука да се поништи гласањето во тоа избирачко место.

Но, Управниот суд ја поништи одлуката на ДИК не навлегувајќи во избирачкиот процес, туку бидејќи приговорот на БЕСА немал потпис од подносителот.

„Поради што Државната Изборна Комисија погрешно го применила материјалното право, постапувајќи по приговорот, без потпис“, пишува во одлуката на Управниот суд објавена попладнево.

 

 

Управниот суд прифати по еден приговор на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Тоа значи дека во Гостивар нема да се прегласува, а гласањето ќе се повтори во Теарце. На гласачкото место во Гостивар има запишано 892 гласачи, а во Теарце 714. Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во број на мандати е 51 спрема 49, а во број на гласови во шестата изборна единица владејачката коалиција води со само 307 гласа.

ВМРО-ДПМНЕ Дик Избори 2016 СДСМ Управен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.