Новоизбраните пратеници од изборите на 11.декември до крајот на овој месец до Државната изборна комисија треба да достават Анкетен лист за тоа колкав имот поседуваат, хартии од вредност и побарувања и долгови.
Податоците се обврска за секој пратеник и се информација од јавен карактер.
И по престанокот на мандатот, пратениците се должни да достават Анкетен лист во рок од 30 дена, а доколку дојде до друга функција исто така има обврска да ја информира Комисијата за новиот избор или именување.