Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Го одбра семејството пред 50 азиски милиони: Ван Гал се пензионира

0
By Нова ТВ on January 17, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 17, 2017 00:39

Луи ван Гал (65) се збогува со фудбалот. Поранешниот тренер на Ајакс, АЗ Алкмар, Барселона, Баерн Минхен и Манчестер јунајтед и селектор на Холандија заминува во пензија, објави холандски „Телеграф“. Неговата одлука за повлекување од сцената е последица на семејни причини и покрај понудата „тешка“ 50 милиони евра за тригодишен ангажман во Азија.

„И лани реков дека ќе престанам со оваа работа, но подоцна ја променив одлуката и решив прво да одморам. Да бидам искрен сакав да се повлечам и по Светското првенство. Сега верувам дека овојпат е конечно и нема да се вратам. Многу работи се случија во потесното семејство во изминатиот период што се еден вид на будење“, рече Ван Гал за „Телеграф“.

Весникот притоа ја поврзува одлуката за пензионирање на Ван Гал со изненадувачката смрт на сопругот на една од неговите ќерки во минатиот месец.

Холанѓанецот беше без ангажман од мај минатата година. Последен клуб во кој работеше е Манчестер јунајтед што го напушти по два дена од освојување на пехарот во ФА купот. Има и четири титули во Холандија од кои три со Ајакс и една со АЗ Алкмар. Со тимот од Амстердам триумфира и во Лигата на шампиони во 1995 година. Каталонците ги предводеше до два трофеја во Примера и по еден во кралскиот куп и во Суперкупот на УЕФА како и Баварците до тронот во Бундеслигата во 2010 година.

 

Кариера Луи ван Гал Пензија Тренер фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

ВЕСТИ July 17, 2026

Напредокот е недоволен, а заканите за Охридскиот Регион и натаму се сериозни. Во најновиот извештај,…

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.