Турција го раскина договорот со Македонија за признавање на дипломите на сите образовни нивоа, објави Сакам да кажам.
Одлуката е потпишана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, а објавена е вчера во турскиот службен весник.
Впрочем истата била донесена во декември 2016 годин, а по предлог на турското Министерство за надворешни работи стапува на сила на 11 февруари.
Најмногу турски студенти во Македонија има на факултетите во Скопје, Битола и Штип, и засега е неизвесно што ќе се случи со нивните дипломи ако не се промени одлуката.
Соработката меѓу двете земји на полето на образованието беше склучена во 1998, а раскинувањето доаѓа неколку месеци откако Турците побараа затворање на училиштата и фондациите поддржани од противникот на Ердоган, Фетула Ѓулен, кого власта го обвини дека стои зад неуспешниот пуч кој се случи минатата година во јули