Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Треба да се почитува принципот – победниците да прават влада

0
By Влатко Чаловски on January 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 22, 2017 19:57

Во Македонија се врши притисок за непочитување на принципот победникот на изборите да состави влада, потенцира портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во интервју за Гласот на Америка на албански јазик.

Во време кога се одвиваат преговори за состав на новата влада по изборите на 11.декември, се чини дека ДУИ подготвува терен за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

– Мислам дека тоа што доминира на сцената е почитување на потпишаните договори. Македонија во минатото постоела како таква само почитувајќи ги меѓународните договори. Еден од нив е Мајскиот договор од 2007 година, во кој се вели дека победникот кај албанската заедница го избира партнерот – победник кај македонската заедница. Почитувањето на овој принцип е многу важен, за да се зачува важноста што ја има албанската заедница и за да се зачува логиката која ја имаат изборите кај самите Албанци, вели Османи.

Засега е неизвесно кој ќе ја формира новата влада, иако мандатот му беше доделен на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како партија која освоила најмногу гласови на изборите. Рокот за Груевски да предложи влада е до 29.јануари.

Од друга страна, опозицијата на чело со Зоран Заев, исто така прогласи победа на изборите, а на секое јавно појавување, претставниците на СДСМ тврдат дека во Македонија започнати се промени, и Никола Груевски нема да може да го формира новиот владин состав.

Картата за власт лежи кај албанските партии во новиот парламентарен состав, чии лидери непосредно по изборите објавија заедничка Платформа како услов за членство во Владата.

Бујар Османи Влада ДУИ избори Македонија политика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.