НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборите не ги “омекнаа” европските критики кон Македонија

0
By Светлана Јовановска on January 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изборите не донесоа промена на критиките на Европската унија кон Македонија и нејзината власт.

Европскиот парлемент (ЕП) се подготвува повторно да бара од нашите политичари и да му дадат поддршка на СЈО, да го применат Пржинскиот договор кој ќе го олесни решавањето на спорот со името, да престанат да ги напаѓаат невладините организации, да го ослободат судството од политички притисок, да им овозможат на медиумите слободно да работат.

Словенечкиот пратеник Иво Вајгл, известувач за нашата земја во Европскиот парламент (ЕП) ја скицираше својата Резолуција која треба да биде усвоена во март или април.

Нацрт Резолуцијата ќе биде дебатирана идниот понеделник во Брисел на сесија на Комисијата за надворешни работи на ЕП.

Што содржи нацрт Резолуцијата?

Вајгл го поздравува “почитувањето на фундаменталните слободи” за време на изборите и бара од партиите да ги прифатат резултатите поради стабилноста на државата и излез од кризата. Текстот бара брзо формирање влада. Но додава дека е неопходна соработка помеѓу сите партии за да се решат домашните проблеми и предизвици.

Витално е за демократскиот процес да му се овозможи на СЈО да ја врши својата работа со целосна автономија.

Резолуцијата вели дека изборниот процес се подобрил но изразува надеж дека ќе се поправат сите изборни нерегуларности како “заплашување на гласачите, купување гласови, злоупотреба на јавните ресурси” и дека изборната администрација ќе се деполитизира воочи локалните избори во мај.

Преговорите со ЕУ можат да придонесат за толку неопходните реформи кои позитивно ќе влијаат на решавањето на спорот со името.

ЕП ќе бара од новата влада, во соработка со сите партии, да влезе во реформите кои се значајни за европска интеграција.

“Ја повторуваме поддршката за отворање преговори за членство, условени со напредок во примената на Пржинскиот договор и Итните реформи (зн. “Прибе реформи”) и остануваме уверени дека преговорите можат да придонесат за толку неопходните реформи кои позитивно ќе влијаат на решавањето на билатералните спорови”, вели нацртот на Резолуцијата.

Сето ова треба да го провери Европската комисија во текот на 2017 година, бара Резолуцијата.

Резолуцијата бара да се прави токму спротивното од она што се случува на нашата политичка сцена а тоа е политичка волја за надминување на политиката на поделби во која значајна улога има Собранието.

Понатаму, Резолуцијата бара да се прави токму спротивното од она што се случува на нашата политичка сцена а тоа е политичка волја за надминување на политиката на поделби во која значајна улога има Собранието.

И токму Собранието треба да продолжи со работа во собраниските комисии како онаа за прислушувањето и службите за разузнавање за кои е потребен пристап до сите податоци. А Собранието треба да воспостави кредибилна контрола врз овие служби.

Потоа следува барање на реформа на политизираната јавна администрација и притисоците врз вработените, за реформа на судството кое е постојано цел на политичко мешање вклучително и именувањето и унапредувањето на судиите и обвинителите и барање за професионализација на Судскиот совет.

Нападите и опструкциите врз работата на СЈО го загрижуваат Вајгл кој ова им го пренесува на своите колеги од ЕП: “витално е за демократскиот процес да му се овозможи на СЈО да ја врши својата работа со целосна автономија”.

Вајгл бара од своите колеги европски пратеници да го поддржат во повикот да се престане со “радикални и неосновани напади” врз невладиниот сектор, странски претставници и медиумите.

“Загрижени сме поради ограничената определба и недоволна соработка со граѓанските организации на сите нивоа и бараме од компетентните власти да ги вклучат невладините организации во креирањето на политиката”.

Загриженост за слободата на медиумите и говорот на омраза.

Нацртот изразува загриженост и за чувствителната меѓуетничка ситуација и бара од сите партии да промовираат толерантно мултиетничко општество и ги потсетува лидерите дека се обврзале на целосна примена на Охридскиот договор (ОД) и негов преглед. Ова е и барање на лидерите на ЕУ од 2015 година (кое можете да го најдете тука на страна 14 на документот) но тоа досега не е направено.

Нацрт Резолуцијата изразува загриженост за слободата на медиумите и говорот на омраза, политичките притисоци и мешање и бара од власта ги истражи сите жалби за заплашување и насилство врз новинарите и одговорните да ги изведе пред правдата.

Да се престане со “радикални и неосновани напади” врз невладиниот сектор, странски претставници и медиумите.

Сето ова не е воопшто добро за економијата а сивата економија се зголемува и се пречка за бизнис заедницата. Во земјата постои макро економска стабилност но невработеноста е премногу висока особено помеѓу младите и жените. Накусо, властите треба конечно да ги решат структурните проблеми на повеќе децениската македонска невработеност.

Европскиот одговор на сите овие проблеми што доаѓаат од начинот на кој власта ја раководи Македонија е уште едно намалување на ЕУ ИПА фондовите за 27 милиони евра, вели нацртот.

Резолуцијата не е законски текст, но по усвојувањето станува документ по кој ќе се раководат европските пратеници во наредните 12 месеци. Европските пратеници треба да поднесат амандмани во текот на февруари.

администрација Европски парламент ЕП Иво Вајгл медиуми нацрт Охридски договор Прибе реформи резолуција СЈО судство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.