По средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, Зијадин Села од Алијансата за Албанците порача дека предвремени избори, кои ги бара ВМРО-ДПМНЕ, само би ја компликувале ситуацијата.
Меѓу другото, Села потенцираше дека без прифаќање на албанскиот јазик како службен, ниту лидерот на СДСМ, Зоран Заев ниту која била друга влада нема да ја има нивната поддршка.
– Широка политичка влада за нас не е лоша опција со тоа што во неа да нема лица кои се под истрага на СЈО, изјави Села.
Јоханес Хан во моментов е на средба со Мендух Тачи.