НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: Вардар му врати на Загреб и го потисна лидерот Кјелце

0
By Нова ТВ on February 11, 2017 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вардар му возврати на ППД Загреб за прекинот на победничката серија во првиот дел од сезоната и се врати на чело на табелата во групата Б во ракометната Лига на шампиони (ЛШ). Македонскиот првак подобар од хрватскиот со 25:20 во десеттото коло во елитното натпреварување и одново е во игра за директен пласман во четврт-финалето.

„Црвено-црните“ имаат 14 бода колку и Кјелце, но предноста да бидат лидери во конкуренцијата во однос на Полјаците ја носи и позитивата во меѓусебните дуели и подобрата вкупна гол-разлика. Алекс Душебаев беше најефикасен на средбата со седум гола, Карачиќ и Циндриќ постигнаа по четири. Најмногу погодоци за поразениот тим даде Марковиќ (6).

„Честитки за моите ракометари. Одиграа супер, победија, сега се први и време е малку да уживаме. Игравме добро во првото полувреме, во одбрана бевме како што сакаме, искористивме многу напади и направивме добра разлика. Можеби не задржавме ритам во продолжението, се соочивме со одредени проблеми во играта седум на шест, но тешко е да се игра со Загреб на исто ниво во тек на сите 60 минути“, рече Раул Гонзалез, тренер на Вардар, кој против „плинарите“ не можеше да смета на Вуко Борозан.

Денешниот триумф на вардарци е седми во сезоната, вкупно 38 во ЛШ. Победата против „плинарите“ ја обезбедија во првото полувреме. Добриот перформанс во одбрана, интервенциите на Штербик и одличната реализација на нападите придонесоа за 14:8 на полувреме.

Вториот дел, за еден гол (11:12), им припадна на гостите од Загреб меѓутоа победата не беше загрозена во ниту еден момент од средбата. И покрај пројавените осцилации, сепак, генералниот впечаток е дека двата бода се одбранети рутински. Во наредното коло Вардар ќе гостува во Унгарија кај ПИК Сегед.

„Одигравме одлично прво полувреме и добар дел од второто. Во завршниот дел направивме грешки кога тие почнаа да напаѓаат со седум ракометари. Но, издржавме. Задоволни сме од победата и се вртиме кон дуелот со ПИК Сегед“, истакна Алекс Душебаев.

Вардар – ППД Загреб 25:20 (14:8)

Сала: „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 4.500. Судии: Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз од Турција.

Вардар: Штербик, Ангелов, Стоилов 1, Недановски, Фереира Мораеш, Македа 1, Деревен 1, Карачиќ 4, Душебаев 7, Абутовиќ, Канелјас, Циндриќ 4, Чупиќ 3, Дибиров 2, Шишкарев 2, Марсениќ. Тренер: Раул Гонзалез.

Седмерци: 1/1. Исклучувања: 6 минути. Технички грешки: 14.

ППД Загреб: Стевановиќ, Скок, Ерес, Мраковчиќ 3, Контрец, Вори 2, Марковиќ 6, Хорват 2, Шушња, Ј. Валчиќ 2, Т. Валчиќ, Мандалиниќ 1, Миклавчич 2, Маркоски, Павловиќ 2, Векиќ. Тренер: Силвио Ивандија.

Седмерци: 5/6. Исклучувања: 2 минути. Технички грешки: 19.

Алекс Душебаев Вардар Лига на шампиони ППД Загреб ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.