Един Џеко е јунак на вечерта по комплетирање на првите мечеви во шеснаесетфиналето во Лига Европа (ЛЕ). Репрезентативецот на БиХ даде три гола во убедливиот триумф на Рома против Вилјареал во Шпанија со 4:0, па возвратниот меч на „Олимпико“ ќе биде уште еден во низата формални во Лигата на шампиони и во ЛЕ.
Џеко се размавна во второто полувреме „Естадио де ла Керамика“ во Вилјареал и едноставно беше незапирлив во казнениот простор на Асенхо. Римската деветка ја тресеше противничката мрежа во 65 минута, во 79 минута и во 86 минута, првиот гол за екипата на Лучано Спалети беше дело на Емерсон во 32 минута.
Осминафинале вечерва трасираа и Шалке, Манчестер јунајтед и Бешикташ. Бундеслигашт од Гелзенкирхен го победи ПАОК во Солун со 3:0, резултат со кој и „црвените ѓаволи“ на „Олд трафорд“ го поразија Сент Етјен во дуел што го одбележаа и браќата Погба (Пол и Флоријан) и хет-трикот на Златан Ибрахимовиќ. Турскиот тим, пак, со 3:1 славеше против Хапоел Бер Шева.
Лига Европа
Шеснаесетфинале – први мечеви
Вилјареал – Рома 0:4
ПАОК – Шалке 0:3
Манчестер јунајтед – Сент Етјен 3:0
Легија Варшава – Ајакс 0:0
Хапоел Бер Шева – Бешикташ 1:3
Атлетик Билбао – АПОЕЛ 3:2
Андерлехт – Зенит 2:0
Олимпијакос – Османлиспор 0:0
Борусија Менхенгладбах – Фиорентина 0:1
Лудогорец – Копенхаген 1:2
Гент – Тотенхем 1:0
Ростов – Спарта Прага 4:0
Селта – Шахтјор Доњецк 0:1
Астра – Генк 2:2
АЗ Алкмар – Олимпик Лион 1:4
Краснодар – Фенербахче 1:0