НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛШ: Јуве го проби Порто на „Драгао“, Лестер во игра за четврт-финале

0
By Нова ТВ on February 22, 2017 СПОРТ
Фото: repubblica.it
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јувентус го победи Порто со 2:0, а Севилја беше подобра од Лестер со 2:1 во последните, први, осминафинални средби во Лигата на шампиони. Италијанскиот првак се враќа во Торино со огромни два гола предност по гостувањето на „Драгао“, англискиот, пак, остана во игра за четврт-финале благодарение на погодокот на Џејми Варди на „Рамон Санчез Пискуан“.

„Старата дама“ долго се мачеше во Португалија иако по 27 минута имаше фудбалер повеќе од противникот. Но, головите дојдоа по 50-тина минути од исклучувањето на Алекс Телјес. И тоа во период од само две минути. Миралем Пјаниќ во 72 минута и Алвеш во 74 минута реализираа за тимот на Масимилијано Алегри за мирен реванш на 14 март на „Јуве арена“.

Јувентус доминираше во натпреварот за што говори и поседот на топка од 70 отсто. Упати два удара во рамки на голот и двата завршија зад грбот на Икер Касилјас.

Задоволство, од друга страна, е присутно кај Лестер кој се соочува со испаѓање од Премиерлигата, но затоа осигура нов добар резултат во Лигата на шампиони. Составот на Клаудио Раниери, и покрај бледата форма и реализација во домашното првенство, е во ситуација да брка најмала негатива од сите поразени екипи во осминафиналето. Иако „лисиците“ беа тотално безопасни во Севилја, сепак, на крајот се враќаат дома со добар резултат што дава реални изгледи за пласман меѓу најдобрите осум во елитното натпреварување.

Надежите на Лестер ги задржа Џејми Варди со голот во 73 минута по асистенција на Дринквотер, стрелци за клубот од Андалузија беа Сарабија во 25 минута и Кореа во 62 минута.

Лига на шампиони

Осминафинале, први средби

Порто – Јувентус 0:2

Севилја – Лестер 2:1

Манчестер сити – Монако 5:3

Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид 2:4

Баерн Минхен – Арсенал 5:1

Реал Мадрид – Наполи 3:1

ПСЖ – Барселона 4:0

Бенфика – Борусија Дортмунд 1:0

Јувентус Лестер Лига на шампиони Осминафинале фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.