Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чаусидис: Нема да не фатат на кондиција, ќе продолжиме со протести

0
By Нова ТВ on February 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 24, 2017 14:53

Со пароли „нема плата нема мир“, „кај се парите“, „докторе кога е мојот термин“, „подмирете ги вашиот долг – следи исклучување“, „весниците не ги даваме“, новинарите од весниците на МПМ, „Утрински“, „Дневник“ и „Вест“ го започнаа симболичниот марш, од редакциите до Паркот на новинарите кој се наоѓа спроти старата зграда на Нова Македонија.

Новинарите од менаџментот ги бараат неисплатените плати и информација за тоа што во иднина ќе се случува со овие медиумите.

Претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис вели дека штрајкот ќе продолжи се додека не се исплатат вработените и не им се даде информацијата за тоа што понатаму ќе се случува во весниците. Чаусидис вели дека ќе продолжат да штрајкуваат се додека не се исполнат нивните барања и да не се надеваат дека ќе ги добијат на кондиција, затоа што новинарите се научени да штрајкуваат и протестираат.

„Штрајкот се одвива со исто темпо како и минатите денови , со тоа што ескалира во делот на демонстрирање на незадоволството. Факт е дека веќе седум дена штрајкуваме и немаме никаква информација од менаџментот. Срамно е што со новинари истражувачи мора да дознаваме кој е сопственик и кој е управител. Нешто се случува, има промени на сопствеништвото – на менаџерите но никој не најде засходно да им каже на луѓето кога ќе им бидат исплатени платите и што ќе се случува со редакциите на „Медиа Принт Македонија“. Морам да кажам дека според нашите сознанија во МПМ работеа 288 луѓе. Дел од нив си заминаа, но збориме но останаа околу 250. Тоа се 250 семејства или околу 700 луѓе кои се засегнати од иднината на оваа некогаш успешна фирма. Срамота е да се напушти сопствеништво, управителство, а да не се најдете засходно на луѓето за кои бевте одговорни, да им кажете што планирате и што е иднината на фирмата. Барем до толку новинарите и медиумските работници заслужуваат. Покрај досегашната поддршка од Европската федерација на новинари, ЗНМ од прогресивните синдикати, денеска добивме поддршка и од регионот. Синдикатите на Србија, Црна Гора и Хрватска, кои го препознаваат нашиот проблем и се солидаризираат. Имаме стратегија за тоа што ќе се случува понатаму ако не се исполнат наште барања и ќе бидете информирани. Имаме и стратегија за продолжување на штрајкот, но и за прогласување победа“, рече Чаусидис.

Денешниот штрајк на новинарите беше седми по ред. И покрај штрајкот, новинарите продолжуваат да ги изработуваат весниците, бидејќи сметаат дека тоа им го должат на читателите.

 

весници медиуми МПМ новинари штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.