Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев со 67 потписи утре ќе бара мандат од Иванов

0
By Нова ТВ on February 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 26, 2017 18:54

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев утре ќе ги поднесе потписите кај Претседателот, Ѓорѓе Иванов, и од него ќе побара мандат за формирање нова влада.

„Следува период каде ќе се посветиме на поставување на квалитетна владина програма која ќе ја реализираат одговорни политичари, кои ќе водат реална политика, таква каква што избраа граѓаните на Македонија“, рекоа од СДСМ по изборот на Заев за мандатар за состав на влада.

Партијата на Ахмети му даде поддршка на лидерот на СДСМ во потписи од десет пратеници, но се уште нема одлука од ДУИ дали ќе партиципира во власта. Засега се во игра две опции: Учество во влада со договор за коалицирање или преминување во опозиција со поддршка на малцинска влада.

Лидерот на СДСМ ги доби и потписите од Беса и од Алијансата за Албанците. Зијадин Села, пред почетокот на седницата на Централното претседателство на партијата, за Алсат М рече дека тие се подготвени да бидат дел од владата, но ако бидат прифатени точките од заедничката платформа на партиите на Албанците.

“Нашето учество во владата е условено со нашата заедничка политичка платформа. Реално, каква смисла би имале изборите и владата ако ние станеме дел од една влада каде ќе се спроведуваат платформи и програми на други партии. Еден од главните услови е законот за албанскиот јазик, расветлување на монтираните политички случаи, декриминализација на институциите и општеството и се разбира, економскиот развој, за да се спречи големото иселување на населението од Македонија. Значи, ние нема да влеземе во влада за да бидеме само како кукли, туку ќе влеземе тогаш кога ќе се исполнат поставените услови“, рече Села.

 

Влада Ѓорѓе Иванов Зоран Заев мандатар СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

ВЕСТИ June 19, 2026

Преговорите меѓу САД и Иран за спроведување на клучниот мировен договор, што требаше да се…

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.