НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анима Мунди: Вардариште е извор на зарази, да се прогласи карантин

0
By Нова ТВ on February 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението за заштита на животни, „Анима Мунди“ бара да се прогласи карантин и да се забрани внесување на животни во стационарот за бездомни животни „Вардариште“, кој е под капата на  Град Скопје и на јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Од здружението велат дека во „Вардариште“ се случува помор на млади заловени  кучиња затоа што има епидемија на заразна болест штенечак – болест од која во страшни маки, болка, гушење умираат над 90 отсто од заловените млади животни.

„Животните се разболуваат во стационарот. Болеста не се пренесува на луѓе ниту друг вид животни но е фатална за млади кучиња. Бараме итно да се прогласи карантин и забрани внесување на животни кои со сместувањето тамо се осудени на бавна и агонична смрт, распаѓање на сите органи, процес кој е екстремно болен; гушење како последна фаза од животот. „Вардариште“ не смее да внесува мали животни зошто тие не ни можат да подложат на стерилизација, но тоа во континуитет го прави, а ваквите кучиња потоа сами умираат, на нив не се троши ни средство за еутаназија, во евиденција на стационарот влагаат како починати од природна смрт“, пишува во соопштението на здружението.

„Анима Мунди“ велат дека односот на Градот Скопје како град кој се залага за хуман третман на животните е скандалозно.

https://novatv.mk/wp-content/uploads/2017/02/15370835_170847196717473_7129657123088105472_n.mp4

Од здружението го повикаа директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, во својство на претседател на Националниот центар за контрола на болести веднаш да интервенира и да го спречи понатамошното работење на овој.

„Информираме дека повеќе европски институции се веќе информирани за она што се случува во „Вардариште“ и наскоро очекуваме нивни реакции и поддршка за негово затворање се додека не се покаже вистинска намера на нашите надлежни институции да работат хумано и создадат услови за хуман третман на кучињата“, велат од здружението.

Ракип Дочи, директорот на „Комунална хигиена“ рече дека станува збор за шпекулација и дека он нема информација за штенечак во Вардариште. За видеата рече дека треба да се направи вештачење да се утврди дали се реални

https://novatv.mk/wp-content/uploads/2017/02/anima-mundi.mp4
„Алелуја“ Анима Мунди болести Вардариште Град Скопје епидемија штенечак
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.