Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајанов: Иванов ја втурна Македонија во најтешката криза досега

0
By Нова ТВ on March 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 2, 2017 12:48

Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов вели тие оценуваат дека Македонија се вовлекува во  најтешка криза од нејзиното осамостојување, со можни последици по нејзината стабилност и нормално одвивање на животот  на граѓаните.

– Откако Никола Груевски не успеа да формира Влада, започна манипулативна кампања преку  емоциите на граѓаните, тврдејќи дека е загрозена унитарноста, името на државата и идентитетот на Македонскиот народ, дека Македонија ќе се подели, при што го повика народот на протести за да ја „спаси државата”, со што практично попречува да се формира Влада на Република Македонија. Дополнително, Ѓорге Иванов,  со вчерашната одлука да не му го даде мандатот за состав на Влада на Зоран Заев, спречи мирен, демократски и уставен трансфер на власта, констатира Трајанов.

Тој потенцира дека Иванов со овој акт и настапот во јавноста, директно го загрозил мирот, внатрешната кохезија, единството и стабилноста на државата, користејќи ја „Платформата на албанските партии“ како аргумент за попречување да се формира Влада и создал услови за дестабилизација, интеретнички и меѓуетнички конфронтации, разгорување на меѓуетничка и верска нетрпеливост, омраза и раздор.

– Со одлуката да не го даде мандатот на партиите кои  имаат мнозинство во Парламентот, Ѓорге Иванов, ја вовлече Македонија во институционална криза и создаде  основи за поделби и немири од пошироки размери и со тешки последици, смета Трајанов.

Демократскиот сојуз нуди решенија за излез од кризата

ДС предлага сите разговори и преговори за излез од кризата да се водат во Собранието на Република Македонија и за сите отворени прашања да се води дебата во Собранието, на отворени седници пред очите на  јавноста.

Трајанов дополнува дека потребно е да се свика седница на Собранието на која ќе се договори мирен трансфер на власта.

Истовремено лидерот на ДС, вели Собранието треба да донесе Декларација во која ќе се осуди постапката на Ѓорге Иванов, за недавање мандат за состав на Влада, на кандидатот за мандатар на партиите кои имаат мнозинство за состав на Влада и да побара да си поднесе оставка.

Демократскиот сојуз меѓу другото смета дека треба да се одложи одржувањето на  локалните избори и наместо во мај истите да се одржат најрано во септември 2017 година.

Влада Демократски сојуз Иванов криза мандат Павле Трајанов Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

ВЕСТИ May 14, 2026

Кинескиот претседател Ши Џинпинг го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг со формална воена…

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.