Комисијата за следење на медиумското известување со три гласа „за“ и два „против“, предложи поведување прекршочни постапки против телевизиите Сител, Алфа и Нова.

Според одлуката на Комисијата, постапките за телевизиите Сител и Нова се поведуваат поради членот 75, став 1, кој регулира балансираност во известувањето, додека за телевизија Алфа постапката е поведена според член 75 став Б од законот, кој забранува прилози со кои може да се остави впечаток дека активности на државните органи се и партиски активности.

Двајцата членови кои гласаа против овие предлози, велат ќе поднесат издвоени мислења а сметаат и дека недоследно се применува законот и методологијата на Агенцијата за медиуми.

Комисијата заседаваше за да го разгледа извештајот на Агенцијата за петтиот од вкупно десетте периоди во кои се набљудува известувањето на електронските медиуми.