Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адвокатите на Мијалков ќе поднесат жалба за притворот -не бил сослушан

0
By Нова ТВ on November 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 21, 2018 12:11

Одбраната на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој синоќа беше притворен, најави дека во текот на денов ќе поднесе жалба, бидејќи смета дека без да се повика и сослуша обвинетиот е недозволиво да му се одреди мерка притвор.

– Законот за кривична постапка наведува дека секое лице мора да биде повикано и сослушано и после неговата изјава да биде одредена мерка притвор, изјави Антонио Апастолски, еден од адвокатите кои го браната Мијалков.

Појасни дека Мијалков е притворен со образложение дека постои опасност за бегство.

Мијалков беше притворен вчеравечер и му е одреден притвор 30 дена. Од СЈО информираа дека притворот на Мијалков е за предметот „Таргет-Тврдина“.

– Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор против С.М. опфатен со обвинителен предлог во предметот со КОК. Бр. 47/17 од обвинителството означен како „Таргет/Тврдина“, судијата кој постапува по предметот по ценење на фактите и доказите опфатени со предлогот донесе решение со кое го прифати предлогот и определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 470 став 1. точка 1. од ЗКП, соопшти Кривичниот суд.

Истрагата за предметот „Тврдина” беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет” на 18 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Во споениот предмет „Таргет – Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Сашо Мијалков и Горан Грујовски, заедно со Гордана Јанкулоска и Никола Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.

Мијалков освен во предметот „Таргет – Тврдина“ обвинет е и во случаите на СЈО „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2.“

Според неговиот адвокат Антонио Апостолски, тој не бил известен дека за него се бара притвор, и најави жалба на одлуката.

По Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, Мијалков е третиот приведен функционер од поранешната власт по бегството на екс премиерот Никола Груевски.

жалба Мијалков одбрана прислушување притвор Таргет-Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.