Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во вечерашното гостување во емисијата „Изборни дебати“ на ТВ 21 се осврна на една од желбите на Зоран Заев за ДУИ да оди во опозиција, но додаде дека тоа нема да се оствари и дека насмевката ќе им згасне на 15 јули.
„Сигурно ова била желба на Заев, но и на другите. Но, јас ве уверувам дека оваа радост нема да ја доживеат и насмевката ќе им ја снема на 15 јули“, изјави Али Ахмети за ТВ 21.
Ахмети додава дека не сакаат ДУИ да оди во опозиција, туку бараат Албанците да ги однесат во опозиција.
„Ова го гледале 18 години по ред, но не им се допаднало бидејќи наишле на тврд орев кој не направи компромиси со големите национални прашања како од албански аспект, така и од меѓународен аспект. Не сме таму да бидеме сеирџии и да удираме на тапани, па како сакаат тие, така да играме ние како што се вели. Достоинствено сме работеле, така што насмевката ќе им ја снема на 15 јули“, додава Ахмети.