ДУИ ќе инсистира на преговори за нова влада во кои мора да има место за Охридскиот договор, членството на Македонија во НАТО и ЕУ, економскиот развој и еднаквоста меѓу етничките заедници но според лидерот на партијата Али Ахмети, рано е да се зборува за преговори со ВМРО-ДПМНЕ.

Ахмети се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама, со спикерот на албанскиот парламент Илир Мета и со претседателот на државата Бујар Нишани и оваа изјава да даде по средбите.

“Охридскиот договор, членството на Македонија во НАТО и Европската Унија, економскиот развој и еднаквоста меѓу етничките заедници ќе бидат принципите врз основа на кои ние ќе се водиме во преговорите во иднина”, изјави Ахмети.

Тој додаде дека сè уште е рано да се зборува за нова коалиција со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Рама му честитал на Ахмети за резулатот на изборите.

Во Тирана неделава на средба со албанскиот премиер во вторникот беа лидерите на Беса, Алијансата за Албанците и ДПА, Билал Касами, Зијадин Села и Мендух Тачи.