Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако Иванов втор пат му даде мандат на ВМРО-ДПМНЕ ќе го прекрши Уставот

2
By Нова ТВ on January 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако Иванов го даде мандатот на друг член на ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе биде второ кршење на Уставот. Првото било кога претседателот мандатот му го дал на Груевски кој немал мнозинство во Собранието.

Ако Груевски не успее да обезбеди мнозинство со ДУИ за да формира влада, а мандатот повторно се најде во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе биде второ кршење на Уставот.

Професорите по уставно право, Осман Кадриу и Светомир Шкариќ, кои денеска учествуваа на дебата во организација на ЦИВИЛ, а каде беше партиципант и правникот Сотир Костов, ја отфрлаат можноста претседателот Ѓорге Иванов мандатот да го даде на друг член од ВМРО-ДПМНЕ и велат дека тоа е неуставно.

Кадриу вели дека е недопустливо и неуставно, Иванов повторно да го даде мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, но на друго лице.

Според него, во оваа ситуација можни се две решенија.

„Ако Груевски не успее да формира влада, Иванов треба да и даде можност на опозицијата да формира влада. Второто решение е ако по 29 се постигне согласност за коалиција меѓу СДСМ и другите албански партии, претседателот по устав е должен да го додели мандатот на оваа партија. Ако тоа не се случи, ова мнозинство е доволно за да го свика собранието, да избере претседател на Собранието и после на седница на Собрание да се избере самата влада“, вели Кадриу.

Според професорот Шкариќ, доколку Иванов му го понуди мандатот на втор член на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе биде второ кршење на Уставот, затоа што прв пат во оваа ситуација го прекршил Уставот со тоа што му дал мандат на личност што нема обезбедено мнозинство.

„Претседателот треба да го даде мандатот на оној што ќе му понуди доказ дека има формирано мнозинство. Ако Груевски не успее да обезбеди мнозинство, а Иванов му го понуди мандатот на втор член на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе биде второ кршење на Уставот. Он излегол од Уставот со тоа што му дал мандат на личност што нема обезбедено мнозинство“, вели Шкариќ.

За шпекулациите кои кружат во јавноста, дека Иванов може да си даде оставка за да го спречи лидерот на СДСМ, Зоран Заев да формира влада, професорите велат дека тоа не е можно, затоа што Иванов и да не му го даде мандатот на Заев, ако партијата има мнозинство може да свика седница, да избере претседател на Собрание од своите редови и да формира влада.

Три дена до истек на рокот, се уште не се знае исходот од преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Три дена пред законскиот рок се уште останува непознаница, не се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе формираат влада. 29 јануари, недела вечер,  е последниот рок во кој мандатарот Никола Груевски ќе треба да соопшти дали неговата партија ќе формира влада.

На потег е ДУИ. Утре вечер треба да се состане Централното претседателство на партијата кое ќе одлучи дали ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ. На ова ќе му претходи состанок на потпретседателството на ДУИ кој што ќе се одржи денеска во Мала Речица во седиштето на ДУИ.

ДУИ е неединствена по прашањето за коалиција со Груевски. Таборот на Ахмети не сака да го менува Груевски, додека таборот на потпретседателите може да биде голема пречка во остварувањето на амбициите на долгогодишните коалициски партнери повторно да прават влада.

Влада ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов мандат преговори СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.