Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Активни 10 пожари во моментот во Македонија, повлечени хеликоптерите од Пехчевско

0
By Sashko on August 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 4, 2021 19:22

Поради исклучително високите температури, веднаш по пристигнување на петте хеликоптери на местото на големиот шумски пожар во Пехчевско, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Тој додаде дека хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на температурата на воздухот за неколку степени.

– Безбедноста на посадата на воздухопловите и безбедноста на луѓето се на прво место, наведува Ангелов.

Во попладневното гостување, пак, на ТВ Канал 5, Ангелов соопшти дека во овој момент се активни 10 пожари од кои неколку се исклучително сериозни, а другите се од средна категорија. Во некои гори сува трева, нискостеблести растенија, грмушки и се далеку од населени места поради што не се опасност за никого.

Од Бугарија се очекува поддршка во луѓе и противпожарни возила, додека летала се побарани од Грција и Словенија и се очекува позитивен одговор.

– Најсериозна е состојбата во Општина Македонски Брод. Таму ветaрот го смени правецот, па огнот дојде блиску до едно од селата. Таму се припадници на Противпожарната единица, полицијата и војската. Исклучително сериозен пожар со голем обем има и околу Пехчево кој веќе преминува во Општина Берово. Таму, штом ќе се создадат услови, кога температурата на воздухот тоа ќе го дозволи, ќе бидат упатени двата армиски хеликоптери, рече првиот човек на ЦУК.

Тој е дециден дека нема селективен пристап во гасењето на пожарите. Проценка се прави на лице место, а приоритет има животот на луѓето.

Во врска со реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за пожарот во Кочани, Ангелов рече дека била невкусна и неточна, за добивање политички поени. Тој најави и дека ќе го тужи пратеникот од Кочани за клевета доколку не се извини за изнесените невистини. Како избувнал пожарот во Кочани, треба да соопшти МВР чија криминалистичка техника веќе собира докази.

– Најодговорно и категорично тврдам дека беа преземени сите мерки, се што ни беше на располагање се стави во функција тој ден. Не само што не направив пропуст, туку сум и горд на тоа што го направиме во Кочани, истакна Ангелов.

За барањето да си поднесе оставка, потенцира дека денеска Владата на седница ќе одлучи кому ќе му ја даде довербата да раководи со ЦУК зашто на дневен ред е точката за избор на директор по огласот што е затворен пред неколку дена.

Ангелов нагласи дека мора да се разграничат функциите и да не се мешаат надлежностите – градоначалниците ги менаџираат пожарите и ја активираат локалната самоуправа (противпожарните служби, фирми и јавни претпријатија кои можат да помогнат во гасењето), а ЦУК помага во делот на хеликоптерите. Потоа Дирекцијата за заштита и спасување која има директни надлежности при пожар.

Македонија Пехчево пожари Стојанче Ангелов Хеликоптери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.