Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алијанса за Албанците и Алтернатива: Ќе поддржиме, но нема да бараме премиер Албанец

0
By Нова ТВ on August 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коалицијата на Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива на денешната прес-конференција соопшти дека нивни претставници немале ниту една официјална средба на тема за формирање на парламентарно мнозинство и влада и дека нема да преговараат се додека ДУИ не го исцрпи правото да биде дел од идната власт или да стане опозиција. За нив ДУИ е легален, но нелегитимен победник на изборите кај партиите на Албанците.

„Иако ние сме легитимни победници на изборите на 15 јули во албанскиот политички камп, сепак нема да влеземе во преговори, се додека ДУИ не го исполни предизборното ветување за премиер да биде Насер Зибери. Дури, како што кажавме, ако во Собранието дојде предлог Насер Зибери да биде премиер, ние со нашите 12 пратеници ќе гласаме за него. Но, ако ДУИ не успее да го реализира ова ветување, за што има легалитет, таа партија нема право да биде дел од идната влада и нејзиното место е во опозиција“, истакна на прес-конференцијата Скендер Зеид Реџепи, генерален секретар на Алтернатива.

Тој рече оти АА/А очекуваат ДУИ да остане на предлогот за премиер Албанец во следните четири години, колку што трае мандатот, и дека доколку тие бидат вклучени во разговори за формирање Влада, нема да бараат премиер Албанец.

Во однос на тркалезната маса што ја организираше ДУИ, а на која не присуствуваа лидерите на овие две партии, Зеид Реџепи истакна дека тие позитивно одговориле на поканата, но оти побарале средбата да се одложи за неколку дена и да се одреди дневен ред. Датумот не бил пролонгиран, така што според него, целта на оваа покана била тие да не учествуваат и средбата да не се одржи.

„Како и да е, без оглед на ова ние посакуваме Тркалезната маса на парламентарните албански партии да продолжи, како инструмент за координација на албанските ставови во Република Северна Македонија, и во иднина да се надминат овие пречки“, додаде Реџепи.

Алијанса за Албанците Алтернатива Влада ДУИ преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.