Алијансата за Албанците нема да учествува во составувањето на новата влада ако мандатар е Никола Груевски, осомничено лице од СЈО. Ова во изјава за „Фокус“ го кажал Зулфи Адили од Унитети, партија која е дел од Алијансата за Албанците.

„ Нема збор дека платформата за Албанците е најважната работа што треба да се случи со промените, но не е ни помалку важно кој ќе учествува во формирањето на владата. Нема промени во нашиот став дека нема да влегуваме во никакви комбинации ако Груевски е мандатарот“, вели Адили.

Денеска претседателот Ѓорге Иванов мандатот за формирање на влада му го додели Груевски.