Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американските војници се повлекоа од пет бази во Авганистан

0
By Нова ТВ on July 14, 2020 СВЕТ
Фото: nytimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американските војници се повлекоа од пет бази во Авганистан, согласно Договорот потпишан меѓу Вашингтон и талибанците во февруари, потврдија двете страни, без да ги наведат базите. Според извори од двете страни, американските војници се повлекоа од базите во провинциите Хелманд, Урузган, Пактика и Лагман.

Според Договорот, американските војници требаше да напуштат пет воен бази и да го намалат контингентот во Авганистан до 8.600 војници во рок од 135 дена по потпишувањето на Договорот, чиј краен рок беше вчера. Талибанците го поздравија повлекувањето, но ги обвинија американските војници дека извршиле воздушни напади во реони „надвор од зоните на активни борби“.

Специјалниот претставник на САД за Авганистан, Залмај Халилзад денеска потврди дека е реализирана првата етапа од Договорот. Тој ги отфрли критиките за насилство во Авганистан и го осуди вчерашниот напад на талибанците, при што загинаа 12 членови на авганистанската разузнавачка служба, а повредени се 63 лица.

Халилзад истакна дека за реализација на следната етапа од Договорот ќе инсистира авганистанската Влада и талибанците да продолжат да ги ослободуваат затворениците, со цел да се намали насилството во земјата.

„Талибанците треба да го исполнат ветвувањето и да не преземаат терористички акции, како и ветувањето за отпочнување на мировни преговори во Авганистан, со што ќе се стави крај на повеќедецениската војна“, посочи Халилзад.

Авганистан војници Договор повлекување САД Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.