Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амнести интернешнл: Талибанците мачеле и убивале припадници на национално малцинство

0
By Sashko on August 20, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 20, 2021 16:41
Авганистанските талибански бунтовници мачеле и убивале припадници на едно национално малцинство, откако неодамна го окупираа нивното село, соопшти меѓународната организација Амнести интернешанл (АИ). Овој извештај дополнително ќе го зголеми стравот на Авганистанците дека талибанците, кои минатата недела ја презедоа власта во речиси целата земја, повторно ќе воспостават брутално владеење, иако тие го тврдат спротивното.
Во извештајот на АИ се наведува дека истражувачи на организацијата разговарале со сведоци во провинцијата Газни кои тврдат дека талибанците убиле девет мажи, припадници на малцинството Хазари, во селото Мундаракт, во периодот меѓу 4 и 6 јули. Според сведоците, шест мажи биле убиени со огнено оружје, а тројца биле измачувани до смрт.
Бруталноста на тие убиства е потсетник на претходната власт на талибанците, од 1996 до 2001 година, и претставува „застрашувачки показател за тоа што може да донесе талибанското владеење, изјави директорката на АИ, Агнес Каламар.
Организацијата предупредува на можноста да не се пријавени значително поголем број убиства, бидејќи талибанците го блокирале телефонскиот сообраќај во многу области се под нивна контрола.

Организацијата „Репортери без граници“ изрази загриженост поради наводите дека талибанците во средата убиле член на семејство на авганистански новинар кој работел за германскиот медиум „Дојче веле“.

Пред денешните молитви, талибанските лидери ги повикаа имамите да апелираат на единство и да ги убедат граѓаните да не ја напуштаат земјата.

Исплашени од Талибанците, илјадници луѓе овие денови се обидуваат да го напуштат Авганистан, а некои излегоа на протести, кои новата власт насилно ги спречи. Талибанците ветија дека нема да заведат страв и ќе ги амнестираат оние кои се бореле против нив во изминатите 20 години.

Авганистан Амнести интернешнл Извештај Мачења Свет Талибанци Убиства
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.