Балканот историски и современо е полн со антагонизми и територијални претензии. Србија и делови од сегашна Хрватска, Банија, Кордун лика дел од Славонија Барања, Книн и т.н. ги смета за историски српски територии. Хрватска смета дел од Војводина до Земун како дел од Хрватска. Унгарија смета дела како резултат на Австроунгарското царство Риека е унгарско пристаниште на Јадранот. Да не споменуваме делови од Босна и Херцеговина , Црна Гора и Косово. Сето ова добра подлога за конфликт.
Марија Тодоровска
Интервју со новинарот и аналитичар за воени и безбедносни теми, Дејан Андоновиќ на тема последните потпишани договори за воено-одбранбена соработка помеѓу Хрватска, Албанија и Косово кои предизвикаа значителен интерес, поставувајќи прашања дали овој потег е резултат на ненадејно или пак долгогодишно крчкана стратегија.
Нова: Договорот за воено одбранбена соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово дојде апансас, ненадејно или се “крчкал” подолго време и дали “кумот” е НАТО?
Андоновиќ: Правењето воен сојуз меѓу Хрватска Албанија и Косово има за цел да и се помогне на Приштина да добие подршка да стане регионална држава и да има некакви регионални заштитници. Идејата не е нова бидејќи изминативе години Приштина добиваше поддршка од страна на Загреб и Тирана во нејзиното настојување за добивање целосна независност, што значи и воена поддршка. За потсетување, Косово беше дел од Србија, кој се отцепи и каде во моментов има распоредено воени сили на КФОР и на ЕУлекс. Токму Хрватска и Албанија имаат свои преставници и воен персонал на Косово, како дел од мисијата на НАТО и ЕУ.
Официјално НАТО не стои зад оваа иницијатива но ако се земе во предвид дека две нејзини членки, Хрватска и Албанија прават ваква воена соработка, со сигурност може да се каже дека алијансата е информирана. Останува прашањето зошто регионален сојуз кога го има НАТО? И зошто две држави прават сојуз со трета каде што исто така има распоредено мисии на НАТО и на КФОР?
И тоа на територија која е оспорена од држава, во случајот Србија која е членка на партнерството за мир но јавно ја декларира својата неутралност и не сака да влезе во Атлантскиот воен сојуз.
Нова: Овој трипартиден договор е воено дисциплинирање на Србија и или само порака и до Москва да не се меша на теренот Балкан или само локално НАТО предупредување за Србија?
Андоновиќ: Овој воен сојуз ја поттикна Србија да започне со реторика на воено историски моменти. Имено Албанија како тррадиционален сојузник на Косово, Хрватска, како традиционален сосед на Србија со која освен воено минато има и анимозитет по сите прашања, и уште спомнувањето на можеби Бугарија и Турција, ја раздвижи акутелната политика на српска власт, чиј претседател Вучиќ во овој сојуз виде добра можност за жестока реторика во политичките околности во кои се наоѓа. На тврдењето дека зад протестите во Белград стојат странски служби меѓу кои и Хрватски, овој воен соуз му дојде како кец на десетка, за да искористи и да ги обвини своите политички опоненти дека зад нив стои Хрватска. Добитна комбинација за српскиот национализам.
Од друга страна самата Србија подолго време ја развива својата воена индустрија и беше првата земја во регионот која, како аргумент за одбрана на својата неутралност, започна со воведување на задолжителен воен рок. За потстеување воен рок воведе и Хрватска, а се подготвуваат и останатоте земји во Европа и во регионот.
Во однос на Москва, повеќе од јасно е дека традиционалното упориште на Русија на Балканот е преместено од Белград во Бања Лука српскиот претседател Вучиќ многу помалку се среќава со руските преставници, наспорти лидерот на Република Српска, Милорад Додик кој за овие 3 години се сретна со рускиот претседател Путин најмалку девет пати. Повеќе од сигурно е дека Вучиќ преку Додик се обидува да ги држи врските со Москва, но исто така српската политика на 4 столба, САД, ЕУ, Кина и Русија е она за што Белград се залага.
Нова: Договорот Загреб, Тирана, Приштина е сепак чин подготвуван во Бајденово време, ќе ја има ли и Трамповата поддршка?
Андоновиќ: Трамп покажа дека е бизнисмен, односно дека води бизнис политика. Неговата политика се раководи очигледно во духот на заработка. Сојузот на Албнија, Хрватска и Косово, смилсен во времето на Бајден, нема да добие некаква голема подршка од администрацијата на Трамп. Трамп покажа дека не е заинтересиран да вложува во воени сојузи, туку бара членките, во случајот НАТО, да плаќаат за САД да ги бранат. Во спортивно Трамп и во првиот и во вториот мандат се заканува дека ќе го напушти НАТО. Токму тука се гледа и опцијата дека Европските држави, па со тоа и државите од регионот, се мобилизраат сами, и без САД да ја засилат својата одбрана. Не е исклучено дека овие воени сојузи се токму за таа цел…сами да се обединат и да ги држат под контрола регионалните прашања, бидејќи НАТО би можел да биде блокиран од Трамп, а ЕУ презафатена со евентуалната руска закана.
Нова: Москва, има ли оттаму било каква реакција на темава?
Андоновиќ: Москва засега нема реакција на овие воени сојузи. Нема реакција ниту Вашингтон а нема ниту Европа. Тие овие регионални оени сојузи ги нарекуваат соработка која не претставува никаква воена закана. Но повеќе од јасно е дека овие сојузи ги раздвижија духовите на минатото бидејќи токму истите држави се спротиставуваат со истите оние кои денеска се повкуваат на фактот дека историјата се повторува.
Нова: Србија се вознемири но веднаш парираше со идентичен договор со Унгарија вклучително потенцијално и со Република Српска па дали сега НАТО е во проблем со своите сопствени членки, Хрватска и Албанија од една и Унгарија од друга страна кои, практично, се вгнездија во различни табори?
Андоновиќ: Па, нови сојузи – стари непријателства. Експресен одговор на оската Загреб -Тирана – Приштина дојде од Белград кој најави сојузништво со Унгарија. Иако ова сојузништво, Белград – Будимпешта, се коси со историските факти, како резултат на блиските политки меѓу Вучиќ и Орбан, тие најавија воена соработка и воен сојуз како пандан на албанско – хрватксо – косовскиот. И самата Унгарија која, за потсетување, е земја членка на НАТО и на ЕУ, сега во ваквата распредлеба на состојбата, се доведува во ситуација да се конфорнтира со две држави од алијансата. Ако поради Косово, Загреб и Тирана рескираат влошени односи во алијансата, тогаш Унгарија со сигурност би ги влошила односите ос некои свои змеји членки поради Србија. Особено што се` погласни се апетитите на Орбан кој не крие дека хрватскиот град Ријека е Унгарски враќајки така ги во игра историксите недоречености од времето на Австроунгарија.
Тука свое место добива и српскиот ентитет во Босна и Херцеговина, Репубкика Српска и нејзиниот лидер Милорад Додик. Додик важи за последно сериозно руско упориште на Балканот. Во најновите тензии околу неговото апсење, Унгарија му даде несебична подршка, а се шпекулираше и дека на територијата на република Српска има припадници на унгарските спецјалци задолжени за физичко обезбедување на Додик и за одбрана од негово апсење.
Од друга страна, матичната држава, Србија, беше воздржана во реториката на најавите на Додик дека РС ќе влезе во воениот сојуз со Унгарија и Србија, но политичарите во Белград не пропуштија да ги наречат протестите во Србија и обидот за апсење на Додик како удар врз Србија и се што е српско, алудирајќи и на настаните на Косово.
Нова: Што всушност ќе се случува со Балканот воопшто на безбедносен план низ призмата и на овие два на мал простор, на мал терен, сепак спротивставени безбедносни договори, “хрватскиот” од една и “унгарскиот” од друга страна, на што ви “мириса” ваквиот антагонизам?
Андоновиќ: Балканот е резервна варијанта за конфликт кој ќе го намали притисокот на фронтовите низ светот. Сведоци сме на глобална војна. За разлика од историските светски војни, глобалната се води на секоја педа од планетата. Економски климатски, миграциски, воено и тн.
Големите сили во обид да ги намалат пртисоците на своите фронтови можат да активираат замрзнати конфликти, во случајот Балканот, а за да го намалт притиоскот врз своите интересни зони.
Балканот историски и современо е полн со антагонизми и територијални претензии. Србија и делови од сегашна Хрватска, Банија Кордун, Лика, дел од Славонија, Барања, Книн и т.н. ги смета за историски српски територии. Хрватска пак, смета дел од Војводина до Земун како дел од Хрватска. Унгарија смета дека, како резултат на Австроунгарското царство, Риека е унгарско пристаниште на Јадранот. Да не споменуваме делови од Босна и Херцеговина , Црна Гора и Косово. Сето ова добра подлога за конфликти.
Она што особено е опасно е враќањето на идејата за задолжителен воен рок на Балканот инпсириран од воените рокови во Европа. Ако во деведесетите беше укината задолжителната воена служба, таа сега се враќа.
Сето ова можеби е резултат на најавите дека е можно распаѓање на актуелните воени сојузи и потреба да се формираат нови.