Еден од петте хеликоптери замина на извидување во реонот на општина Пехчево, изјави утрово за МИА Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Хеликоптерите се подготвени, еден отиде на извидување. Има многу густ чад над местото на пожарот,  кажа Ангелов.

Дополни дека по извидничката мисија на хеликоптерот, останатите ќе полетаат од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Според последните податоци што синоќа ги соопшти директорот на ЦУК, во земјава се активни 10 пожари, а најсериозна е состојбата во Македонски Брод како и во регионот на Пехчево и Делчево.