Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска: Се подготвува ребаланс на Буџетот, исплатите се одвиваат нормално

0
By Нова ТВ on May 8, 2020 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Подготовките за ребаланс на Буџетот за 2020 година се во почетна фаза. Министерката за финансии Нина Ангеловска во вечерашното гостување на ТВ 24 истакна дека поцесот е отпочнат и оти се чекало на април за да се има повеќе информации.

„Генерално во моментот е предизвик да се проба да се појде од што пореалиситични проекции или претпоставки. При прекројувањето ги земаме предвид сегашните проекции што ги имаме направено“, рече министерката.

За буџетот посочи дека е ликвиден за да ги извршува своите обврски и дека се тече нормално. Исплатени се субвенциите, повратот на ДДВ кој е 26 проценти повисок во однос на април лани, се исплаќаат плати, пензии, социјални помош.

„Се тече нормално. Субвенциите  на земјоделците ги исплативме, за тутунарите ги исплативме пред извесно време. Натаму, повратот на ДДВ, ако го погледнеме, е за 26 проценти поголем споредено со ланскиот април. Плати, пензии, социјална помош, сите законски трансфери и исплати нормално течат. Добивме една ликвидносна поддршка да речеме во прав момент, заем од ММФ од 176 милиони евра. Имајќи предвид дека бевме конзервативни во планирање на ликвидносните потреби во април, сега сме во една ситуација каде ги сервисираме сите обврски, ги следиме сите потреби, но во исто време направивме значајно кратење на расходната страна. Пример ако ги погледнеме реализацијата на стоки и услуги во месец април е помало за 36 проценти во споредба со април во минатата година. Тоа покажува дека одлуките на Владата да се стопира раст на непродуктивни расходи даваат резултат“, истакна министерката.

За донесениот Буџет за годинава оцени дека не е направен преамбициозно.

„Беше реално скроен“, рече Ангеловска која нагласи дека во моментот не се размислува на промена на некои даноци.

Буџетскиот дефицит, потенцира министерката, ќе зависи од тоа колку ќе биде падот на приходната страна, но оцени дека „имаме капацитет за брзо да се вратиме на патеката на раст и дека имаме капацитет да го враќаме дефицитот“.

Капиталните инвестиции, посочи таа, дека се нешто што треба да се турка побрзо да се реализираат за да го амортизираат ударот. За платите на администрацијата останува на ставот дека треба да се намалат, но вели дека одлуката ја носи Владата како колективен орган. Како аргументи кон ставот дека треба да се скрати платата на администрацијата е неодењето на работа, намалени трошоци поради неодење на работа, намалена продуктивност, солидарност, криза.

буџет економија Македонија Нина Ангеловска ребаланс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.