Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловски: Барди излегува од изолација, против Казахстан со поразличен тим

0
By Sashko on June 3, 2021 ПОЛИТИКА, СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски ќе изведе комбиниран состав за утрешниот пријателски натпревар против Казахстан во Скопје, последен пред заминување за Букурешт на дебитантскиот настап на „црвено-жолтите“ на Европските првенства. За генералната проба пред континенталниот самит е неизвесен Ферхан Хасани кој се здоби со пукнатина на носот во мечот со Словенија и последниот збор околу него ќе биде на лекарскиот тим. Но, она што е најважно пред ЕП е излезот на Енис Барди од изолација поради ковид-19 и според најавите на Ангеловски, тој веднаш ќе почне со индивидуални тренинзи.

– Денеска на Барди му истекува рокот за изолација и веднаш ќе почне со индивидуални тестови, се додека не добие и негативен тест чии резултати ги очекуваме во текот на денот. Ако тестот биде негативен, ќе се приклучи на тимот, во спротивно ќе работи сам, рече Ангеловски на денешната прес-конференција пред средбата со Казахстан.

Во однос на утрешниот противник, Ангеловски истакна дека Казахстан има тим со млади играчи кои поседуваат квалитет и ќе бидат одлична можност за македонската селекција пред заминување на ЕП.

– Пред нас е последниот тренинг натпревар пред Европското првенство. Казахстан не е тим од калиброт на Гибралтар или Лихтенштајн, имаа добри и млади фудбалери и мислам дека ќе бидат можност за одлична проверка за нас. Што се однесува до нас, дел од стандардните играчи ќе играат, а дел ќе добијат поштеда, најави Ангеловски.

Натпреварот меѓу Македонија и Казахстан е утре попладне (17 часот) на арената „Тоше Проески“.

Енис Барди ЕП 2020 Игор Ангеловски Казахстан Македонија репрезентација спорт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.