Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловски: Почеток на создавање на репрезентативен тим за долг рок

0
By Нова ТВ on August 21, 2017 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 21, 2017 18:43

Пресликување на добрите клупски настапи за подигрнување на нивото на игра на фудбалската репрезентација. Ова е желба на селекторот Игор Ангеловски што ја испорача при објавата на списокот за претстојните дуели против Израел на 2 септември во Хаифа и три дена подоцна со Албанија во Струмица во квалификациите за СП 2018 во Русија.

„Ми причинува особено задоволство што поголем дел од играчите се наоѓаат во посакувана форма. Несторовски и Трајковски се одлични во Палермо, Алиоски се наметнува како клучна алка во Лидс, Енис Барди, по подолго време, ги враќа македонските претставници во Примера. Се надевам дека нинивте клупски ангажмани, тренинзи и игри во клубовите ќе се преточат и во репрезентацијата и ќе бидат од големо значење за подигнување на нивото на игра“, истакна Ангеловски.

Списокот со 23 повикани репрезентативци јасно упатува на драстичното подмладување на националниот тим што како заложба го најави Ангеловски уште при неговото назначување на функцијата и особено го повторуваше при активностите на националниот тим во првата половина на 2017 година. Европското првенство за играчи до 21 година е минато, па селекторот широко ги отвори портите на сениорскиот тим за добар дел од генерацијата што ќе остане запишана со златни букви во аналите на македонската фудбалска историја.

Меѓу повиканите е Дејан Илиев, голман на Арсенал, кој се враќа во натпреварувачка форма по повредата. Покана за подготовки доби и Љупче Дориев од Академија Пандев, Дарко Велковски и Висар Муслиу од Вардар, Ѓоко Зајков од Шарлроа, Елиф Елмаз од Фенербахче, Енис Барди од Леванте. И сето тоа во функција на компонирање на селекција за долги патеки. По подолго време, поточно по три години, дефанзивната линија во националниот тим ќе биде без Ванче Шиков и Даниел Мојсов на стоперските позиции за кои Ангеловски, сепак, порачува дека не се избришани. За септемвриските мечеви го нема ниту Бесарт Ибраими од Шкендија, најдобриот стрелец во Прва лига за сезоната 2016/17.

„Она што го најавив уште првиот ден отсега започнуваме со реализација, а тоа е тим што долго време ќе игра заедно. Дени Илиев се враќа во натпреварувачки ритам и повикан е да му дадеме мотив плус за што поскоро враќање во препознатливата форма. Тој е наша голманска иднина. За одбраната се повикани фудбалери од златната генерација која имаше одлични квалификации за ЕП 2016 и одличен настап на самиот турнир во Полска. Верувам дека со Ристовски, Ристевски и Тошевски ќе можат адекватно да одговорат на задачите. Најмногу фудбалери ќе имаме за средниот ред. Два меча се пред нас и ќе биде потребна ротација“, додаде предводникот на фудбалските национали.

Собирот на фудбалерите е закажан на 28 август во Скопје. До натпреварот со Израелците се планирани пет тренинзи. Три во комплексот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и уште два по пристугнување во Хаифа (31 август и 1 септември).

Список на фудбалери за дуелот со Израел во квалификациите за СП 2018 во Русија

Голмани

Столе Димитриевски (Гимнастик/Шпанија)

Давид Митов Нилсон (Норчепинг/Шведска)

Дејан Илиев (Арсенал/Англија)

Одбрана

Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон/Португалија)

Кире Ристевски (Вашаш/Унгарија)

Кристијан Тошевски (Пелистер)

Дарко Велковски (Вардар)

Ѓоко Зајков (Шарлроа/Белгија)

Висар Муслиу (Вардар)

Среден ред

Стефан Спировски (Вардар)

Ферхан Хасани (Шкендија)

Езџан Алиоски (Лидс/Англија)

Енис Барди (Леванте/Шпанија)

Бобан Николов (Вардар)

Давид Бабунски (Јокохама/Јапонија)

Љупчо Дориев (Академија Пандев)

Никола Ѓорѓев (Твенте/Холандија)

Елиф Елмаз (Фенербахче/Турција)

Напад

Горан Пандев (Џенова/Италија)

Илија Несторовски (Палермо/Италија)

Иван Тричковски (АЕК Ларнака/Кипар)

Александар Трајковски (Палермо/Италија)

Марјан Радески (Шкендија)

квалификации за СП 2018 Македонија репрезентација список фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.