Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апелациониот суд одлучи: Владимир Талески останува во куќен притвор

0
By Нова ТВ on June 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 29, 2016 17:41

Битолскиот градоначалник Владимир Талески останува во куќен притвор. Апелацискиот суд не ја прифати жалбата на осомничениот и реши мерката 30 дневен домашен притвор да остане на сила. Повисокиот суд одлуката ја доставил до Кривичниот суд во Скопје, кој попладнево јавно ја соопшти.

„Апелационен суд Скопје до Основен суд Скопје 1 – Скопје ја достави одлуката за осомничениот В.Т. кој е опфатен во предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“ со која се потврдува решението на Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 – Скопје, а со тоа мерката куќен притвор останува за истиот.“, пишува во соопштението од Кривичмиот суд.

Талески е еден од осомничените во случајот Транспортер кој го отвори Специјалното јавно обвинителство, во кој 22 лица се товарат за незаконски тендери за транспорт на учениците од училиштата во регионот на Битола.

Истрагата опфаќа вкупно 81 криминално дејствие, спротивни на Законот за јавни набавки и Законот за средно и основно образование, а освен градоначалникот осомничени се уште 21 лице за злоупотреба на службената положба и проневера на пари.

За Талески првично од СЈО бараа само конфискација за дел од неговиот имот, бидејќи и тој се најде на листата на помилувани од Иванов. По укинување на аболицијата, СЈО побараа мерка притвор за него.

Талески е во домашен притвор од 20 јуни.

 

Апелација Владимир Талески градоначалник Кривичен суд притвор СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.