Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АТП Мастерс во Лондон: Мареј по 3,5 часа го скрши отпорот на Нишикори

0
By Нова ТВ on November 16, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Енди Мареј по голема борба и со пресврт го совлада Кеи Нишикори во второто коло во групата А или „Џон Мекинро“ и се најде на чекор до полуфинале на завршниот АТП Мастерс во Лондон. Британецот на крајот славеше со 6:7, 6:4, 6:4 по три ипол часа минати на терен за нови 200 бода на неговото конто, но и рекорд во времетраење на меч во историјата на турнирот. Ова беше нивна 10 пресметка и осма победа на првиот светски рекет во моментот.

Јапонецот беше подобар во 88 минутниот прв сет. Го доби во тај-брејк со 11:9 на разочарување на присутните во „О2“ арена. Место за стравување кај нив, сепак, немаше. Мареј заигра како што очекуваа, како што посакуваа, дополнително го подигна ниво на игра и со еден брејк во конечните 6:4 израмни на 1:1. Отпорот на жилавиот Нишикори се кршеше на идентичен начин и во решавачкиот сет. Британецот успеа да поведе со 5:1 што не беше причина за предвремено предавање иако многумина на трибините помислија дека работата е завршена.

Кеи Нишикори

И кога сите веќе го „прежалија“ Нишикори, тој освои три гема во низа и даде до знаење дека сè уште е присутен, дека сè уште е во игра, дека и ментално е присутен на терен и дека не се предава до последното топче. Десеттиот гем, сепак, му припадна на Британецот на воодушевување на гледачите во арената во британската престолнина. Мареј одигра кога му беше најпотребно, спаси 11 брејк топки, а неговиот ривал избрзуваше во моментите во кои требаше да зададе решавачки удар. Мечот, според најголем дел од медиумите“ е прогласен за најдобар во досегашниот тек на турнирот оваа година.

Вечерва во 21 часот ќе играат Вавринка – Чилиќ за комлетирање на второто коло во групата А.

 

 

АТП Мастерс Енди Мареј Кеи Нишикори Лондон тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.