Author: Ана Василевска

Креативните индустрии можат да бидат двигател на економијата, тврдат врвни професионалци од Велика Британија. Креативните индустрии се и моќна алатка за развој на наративите и идентитетите на едно општество, рече Даниел Филер, заменик амбасадор на Велика Британија во земјава. Креативниот потенција кој го поседува Северна Македонија, доколку е добро организиран може да биде еден од водечките двигатели на економијата, а потребно да се оформи добра стратегија со помош на интерактивно делување меѓу креативците и државата, беа клучните воведни зборови со кои беше   „Форум Скопје – Секторски консултации“ – во организација на Министерството за култура и туризам, Британскиот Совет и Унијата…

Read More

Во понеделник, на 25. ноември, во 13 часот во Јавна соба (Public Room), ќе се одржи „Форум Скопје – Секторски консултации“ – во организација на Министерството за култура и туризам, Британскиот Совет и Унијата на македонските професионални асоцијации во креативни индустрии – УМПАКИ. За време на Форумот ќе бидат споделени увиди од експерти од Велика Британија, трендови и добри практики во однос на нивната креативна економија, на што ќе следи фокусирана дискусија за издвојување на 10 приоритети за овој сектор во Македонија. Креативните професионалци ќе дискутираат со своите колеги на следниве теми: • Градење нов идентитет преку големи културни настани;…

Read More

Темата го отвора прашањето на проектот Скопје 2014, променетата урбана матрица на Скопје и предизвиците што произлегуваат од тоа, како што се дисконтинуитетот, деградацијата на јавниот простор, уништувањето на зеленилото и наследството од постземјотресниот период. Како понатаму? По повод 10-годишниот јубилеј, утре со почеток во 18.00 часот во просториите на Public Room ќе се одржат низа активности кои го слават минатото, сегашноста и иднината на архитектурата во Македонија. Овој јубилеј има за цел да ја обедини архитектонската заедница во еднодневен настан кој е отворен за секој заинтересиран посетител. Филип Конески, за овој јубилеј изјави: “10 години МАРХ Македонска АРХитектура или…

Read More

„Веруваме дека Министерството за култура ќе ги земе во предвид нашите укажувања и нема да ја продолжи погубната политика од минатите години, затворајќи ги очите пред успесите на македонскиот филм, ниту ќе го игнорира фактот дека нашите филмови се апсолутен предводник во промоцијата на македонската култура во светот.“, стои во писмото на ДФРМ.   Загрижени од алармантната состојба во која е доведена кинематографијата а за која во неколку наврати имаше јавни реакции од ДФРМ,  како последица на неколкумесечна парализа на институцијата Агенција за филм на РСМ, и фрапантното кратење на буџетот за филм, Друштвото на филмски работници во отворено писмо до…

Read More

Препознавајчи ја автентичноста и ингениозноста, нарекувајќи го нашиот Џијан Емин „идиосинкратски македонски музичар“, го најавуваат концертот како „исклучително современо патување низ хибридни звуци без граници“.

Read More

Уметнички парчиња, уникатно дизајнирани од 25 модерни македонски ракотворци ќе бидат изложени на Дизајн маркетот во „Јавна соба“ денеска и утре од 10 до 18 часот. Посетителите ќе имаат можност да погледнат и купат парчиња рачно изработен накит, аксесоари изработени од кожа, маици со оригинални принтови, воздушни билки, керамички и дизајни изработени од дрво, различни аксесоари, облека со автентични детали… Продуктите се оригинални, со потпис од познати македонски ракотворци: Монкдолс, Витрум Студио, Вудис, Ларго, Елена Ристовска, Ваша мала башта, Епокси, Солар Криешнс, Панорамикс, Мамка, Игнеа Козметикс, Цип/Ред, Гаиа, Слога, Зен Зил, Монозеро, Кејт Стардаст, Глигор Кузмановски, Добро ми стои, Блум,…

Read More

Концертот беше распродаден еден месец однапред- Народниот театар во Сараево беше претесен за многубројната публика и според написите кои осамнаа во саревските медиуми, настапот  ќе се памети долго а ова фестивалско издание не можеше да има подобра увертира.  Богати аранжмани, врвната музичка изведба и хуморот на Рамбо со долгите овации од публиката, го направија овогодинешното издание на Сараево џез фестивал, врвно доживување со кое на најдобар начин започна овогодинешното музичко патување на Сараево џез фестивалот (Jazz Fest Sarajevo 2024), пишуваат сараевските медиуми по концертот на Националниот џез оркестар и Рамбо Амадеус што се одржа на 6 ноември во Народниот театар…

Read More

Овогодинешниот „Скопје дизајн вик“ (Skopje Design Week) имаше амбициозна цел, прво да ја разбуди младата генерација, да ги поттикне да размислуваат за она што ги опкружува, и да бидат во тек со времето во кое околностите брзо се менуваат. Оттаму произлезе слоганот „За новата генерација на Скопје”, а фокус беше велосипедот и сè поврзано со него. За таа намена беше објавен конкурс и на кој се јавија креативци кои имаат идејни решенија како да го подобрат возењето велосипед во Скопје, но и како тоа да биде побезбедно. Од избраните решенија, кои се истовремено интересни и функционални беше поставена изложба во…

Read More

Во просториите на Јавна соба (поткровје), утре (5 ноември) утре во 10 часот ќе почне еднодневната конференција за развој на креативен туризам во Македонија. Оваа конференција со примеси на панел дискусија има за цел да ги доближат сeкторот култура (поконкретно креативните индустрии) и секторот туризам. Воведно излагање на конференцијата ќе има министерот за култура и туризам Зоран Љутков. „Во овој момент овие два сектора едвај имаат допирни точки и секаков вид на соработка е сосема случајна. За да се отпочне со било каква соработка потребно е овие сектори вистински да се запознаат и да се детектираат можностите и областите на…

Read More

„Последниот каубој“ ја раскажува приказната за Хари Џексон, бунтовникот, вечниот трагач по правдината и вистината и обожавателот на вестерни од Биелина во БиХ , кој се осмелил да ги живее своите соништа односно сопствениот живот да го живее како филмски лик. Во разговорот за НоваТВ, Чатер зборува за мотивот за работа на овој документарец, а ни открива и дека во подготовка е и игран филм за Хари, во режија на Денис Тановиќ.   

Read More

 Динамичен спој на искуството на професионалните музичари од Националниот Џез оркестар и новите музички надежи од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип, ќе понудат оригинален концертен настап на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје, на 8 октомври (вторник) со почеток во 20 часот. Овој несекојдневен концертен концепт ќе понуди иновантни аранжмани со разнородни џез композиции, во кој младите џез таленти ќе имаат можност да го покажат најдоброто, рамо до рамо со професионалните џез музичари. „Водејќи се од идејата дека имаме плодна почва за создавање на нова генерација расни џез музичари кои ќе го продолжат…

Read More