Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МАРХ, порталот за македонска архитектура слави 10 години

0
By Ана Василевска on November 22, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, КУЛТУРА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 22, 2024 14:37

Темата го отвора прашањето на проектот Скопје 2014, променетата урбана матрица на Скопје и предизвиците што произлегуваат од тоа, како што се дисконтинуитетот,
деградацијата на јавниот простор, уништувањето на зеленилото и наследството од
постземјотресниот период. Како понатаму?

По повод 10-годишниот јубилеј, утре со почеток во 18.00 часот во просториите на Public
Room ќе се одржат низа активности кои го слават минатото, сегашноста и иднината на
архитектурата во Македонија.

Овој јубилеј има за цел да ја обедини архитектонската заедница во еднодневен настан кој е отворен за секој заинтересиран посетител. Филип Конески, за овој јубилеј изјави: “10 години МАРХ Македонска АРХитектура или десетлетие на порив кој не ви остава мир да ги следите од страна работите.

Декада на борба за глас на македонската архитектура која некаде пред формирањето на marh.mk
ги доживуваше своите најголеми порази. Се надевам дека после овие изминати години
на ентузијазам, искрена љубов и добронамерност успеавме да станеме бренд и глас кој
не е лесен за игнорирање, а од тука и доброчинители на македонската архитектонска
сцена. МАРХ е простор каде треба да се пресретнеме, отстрамиме и бидеме искрени
меѓусебно. Да упатиме пофалби, предлози, концепти, да предупредиме и особено да не
се плашиме да упатиме критика, но и понатаму да бидеме достојни во дискусијата за да
имаме образ да отпоздравиме со – Секому добро!”

Програма по повод 10 години МАРХ:
18:00 – 19:00 : Изложба „Македонска архитектура 1974-2024“
Изложбата ја обработува историската граѓа од која потоа произлегува современата
македонска архитектура меѓу 1944 и 1974 година и презентирање на 64 нови
фотографии, кои го опфаќаат периодот од последните 50 години, до денес. Признание за
особен придонес кон афирмацијата на македонската архитектура се доделува на
списанието Порта3, кое со децении е присутно на нашата сцена.
18:00 – 00:00 : МАРХ Базар
Базар сочинет од уникатни принтови и книги до функционални дизајнерски предмети, а
ќе изложуваат: 5 do12, Anngo, Akrea, Тијана Стојковска, Studio Dana Ando и Ars Lamina.
19:00 – 19:45 : Промоција на книгата „Артемушкин и Скопје“

МАРХ

Македонска АРХитектура

Оваа книга е авторско дело на Ноеми Чаусидис и Мартин Ефремовски. Публикацијата ја истражува плодната работа на архитектот Иван Артемушкин во Скопје меѓу 1920 и 1940 година. Истата ќе може да се купи на МАРХ базарот.
20:15 – 21:30 : Панел дискусија „10 години подоцна, како понатаму?“
Темата го отвора прашањето на проектот Скопје 2014, променетата урбана матрица на Скопје и предизвиците што произлегуваат од тоа, како што се дисконтинуитетот,
деградацијата на јавниот простор, уништувањето на зеленилото и наследството од
постземјотресниот период. Како понатаму?
Панелисти се Мишко Ралев, Дејан Ивановски, Иван Арсовски, а модератор е Мартин
Ефремовски.
22:00 – 00:30 : Коктел забава со DJ Drazi Drags и Game Over

архитектура Македонска архитектура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.