Author: Ана Василевска

На територијата на град Скопје, вчера при акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се 90 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14, осум санкции за непрописно престигнување и обиколување, 10 за возење без возачка дозвола и четири за минување на црвено светло. Од МВР соопштија дека се изречени и пет мерки за користење мобилен телефон, две за управување под дејство на алкохол, 36 мерки за непрописно паркирање. Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Read More

САД ќе и продадат 12 воени хеликоптери „Сихавк“ и еден авион за електронска војна „Гроулер“ на Австралија за повеќе од милијарда долари, соопшти Стејт департментот. Австралија, која неодамна влезе во стратешко партнерство со САД и Велика Британија за да се спротивстави на територијалните амбиции на Кина, побара 12 хеликоптери МХ-60-Р. Владата на САД го извести Конгресот дека одлучи да го исполни барањето, соопшти Стејт департментот. Хеликоптерите се мултифункционални – можат да слетаат и полетуваат од брод и да извршуваат операции против копнени објекти и подморници, но и мисии за спасување, снабдување и транспорт. Канбера, исто така, сакаше да купи Боинг…

Read More

„Надминување на уметноста“, е изложба- курирана од ликовната уметница Ивана (Ивна) Самандова и историчарката на уметност Ангела Витановска – посветена на последиците што пандемијата која сѐ уште ја живееме, ги предизвика во уметноста и кај уметниците. Овој проект на почетокот беше сосредоточен на културните активности надвор од Скопје, односно, предвидуваше патувања и дискусии со граѓаните за нивните доживувања на културата, за погледите и сфаќањата кои ги имаат во врска со современата уметност и за нивната можна улога на двигатели во обликувањето на овие искуства. „ Пандемијата темелно го измести жариштето на дискусијата од опстанокот на уметноста и културата вон главниот…

Read More

Клубовите од англиската Премиер лига се жалат на продажбата на Њукасл на инвеститори од Саудиска Арабија. Премиерлигашите испратија протестно барање за итна интервенција при купувањето на Њукасл од инвеститори од Саудиска Арабија, пишува „Гардијан“. Деветнаесетте клубови од Премиер лигата се здружија против овој аранжман. Не секој во Англија е среќен што државата Саудиска Арабија се меша во работите на Премиер лигата. Во самата Саудиска Арабија, тврдат дека инвестициски фонд (ПИФ), кој го купи Њукасл, не е директно поврзан со државата.

Read More

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска вети дека ќе оствари мирно „обединување“ со Тајван, иако тој директно не ја спомена употребата на сила по една недела тензии со островот, што предизвика меѓународна загриженост. Говорејќи во Пекинг, Си рече дека Кинезите имаат „величествена традиција“ на спротивставување на сепаратизмот. „Независниот сепаратизам на Тајван е најголемата пречка за постигнување обединување на татковината и е најсериозната скриена опасност за националното подмладување“, рече тој на годишнината од револуцијата што ја собори последната царска династија во 1911 година. Мирното „обединување“ е најдобро за севкупните интереси на тајванскиот народ, но Кина ќе го заштити својот суверенитет и единство,…

Read More

Американскиот заменик државен секретар за политички прашања Викторија Нуланд ќе престојува во посета на Москва на 11 октомври, соопшти прес -службата на Стејт департментот. Во Москва, Нуланд ќе се состане со високи руски претставници за да разговара за голем број билатерални, регионални и глобални прашања. По посетата на Москва, таа ќе отпатува во Бејрут и Лондон.

Read More

Во текот на денешниот ден, не очекува претежно облачно и студено време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 11 степени. И во следните денови ќе бидеме под влијание на влажна воздушна маса, времето ќе се задржи претежно облачно…

Read More

Фејсбук, Месинџер и Инстаграм синоќа, повторно станаа недостапни за корисниците во некои делови на светот. Според податоците на веб -страницата Downdetector, корисниците пријавиле прекини во работата на социјалните мрежи. Компанијата соопшти дека падот е предизвикан од „погрешна конфигурација“ на рутерите. „Искрено се извинуваме ако немавте пристап до нашите социјални мрежи во последните неколку часа. Го отстранивме проблемот и ви благодариме уште еднаш за трпението оваа недела”, се нагласува во објавата на Фејсбук. Податоците за проблемите со Фејсбук почнаа да се појавуваат вчера по 20 часот. Корисниците во САД и Европа изразија незадоволство од работата на страницата и мобилната апликација. Неколку…

Read More

„Уникатноста е тоа што секој облик има свое исконско значење. Со стекнување свест за битноста на петте вредности, елементи, способност, емоции овој накит освен за разубавување служи како будилник за избор на поволните чувства и прочистувач на помалку поволните чувства. Секое парче има свој идентитет кој го носи со себе настанувањето, одржувањето и разложувањето.“, вели Нина Нинеска во интервјуто за Нова ТВ. Културно социјалниот простор „Центар- Јадро“ во Дебар Маало , деновиве беше центар на модата и екологијата. На шоурумот Slowscapes, кој се одржа по четврти пат учествуваа неколку наши дизајнери на облека и на накит. И годинава упатија прекрасна…

Read More

Mакедонскиот филм „ХОМО“ со овој договор, станува достапен за гледачите во САД, на сите нивни канали, преку директен сателитски пренос и преку интернет протокол за ТВ (IPTV). Скопје Филм Студио”, продукциска куќа на долгометражниот филм „ХОМО“ во режија на Игор Иванов Изи, склучи договор со  „Јавната медиумска групација на Јужна Калифорнија“ од САД, за дистрибуција на филмот на американскиот пазар. Со овој договорот, Групацијата се здобива со лиценца за прикажување на филмот на повеќе канали и медиуми. Од продуциската куќа „Скопје Филм Студио“ соопштија дека овој чекор е голем успех но и показател за континуираната и посветена работа за третманот…

Read More

На последната вечер од второто издание на „Крај Вардарот џез“, ќе настапат  две есенцијални имиња на „PMG Jazz“, кои со својата свежина и квалитет ја исполнуваат нашата локална, но и регионална сцена. Во салата на киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар, вечерва во 20 часот ќе почне концертот на „Такси Конзилиум“, бенд составен  од неколку извонредни млади џез-музичари, а предводен од гитаристот и композитор Филип Букршлиев. Квалитетот на нивната музика и зрелата изведба се на завидно ниво, токму како во вашите фантазии за легендарните џез-херои. Нивниот албум “The Essential Sunday Gloom” е прогласен за џез-албум на месецот мај 2021 од…

Read More

Меѓу цртежите и сликите на Али е и една насловена „Америка: Голем затвор“, од 1967 година, и „Војната во Америка“ и се проценува дека овие би можеле да бидат продадени за 25 до 35 иљади долари. Колекција од 24 цртежи и слики, некои од нив карикатури потврдуваат дека Али бил обземен со верски прашања и општествена правдина, но некои негови слики се приказ и на самиот автор во боксерски ринг. Аукциската куќа „Бонхамс“ очекува дека збирката ќе биде продадена за сум од 40 до 50 иљади долари. „Многумина се воодушевени бидејќи не знаеле дека Али бил уметник. Затоа има голем…

Read More