Author: Biljana

Повисоки сметки за струја ќе добијат граѓаните на 1-ви август доколку предлог Законот за ДДВ во најбрз рок не го мине собранискиот филтер. И покрај најавите на Владата дека ценовниот удар од зголемувањето на цената на електричната енергија кое го најави Регулаторната комисија за енергетика, ќе биде ублажено преку намалување на ДДВ-то за струјата од 18 на 5 проценти, за сега се поизвесно е дека за јули домаќинствата ќе платат струја по повисока цена. Седницата на која пратениците треба да дискутираат за измените на Законот за ДДВ се уште не е закажана. Министерот за финансии, Фатмир Бесими апелира неродните избраници…

Read More

„Доколку власта остане глува на барањата на земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт ќе ги исплати сите заостанати обврски на име субвенции и мерки, ќе ја укине зелената такса, ќе изврши ревизија на сите штетни закони и ќе се избори за сигурен пласман на земјоделските производи“, истакна на денешната прес конференција Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ. Тој ја обвини Владата дека за четири години власт, не направиле ништо за подбрување на условите за работа на земјоделците. „Четири години земјоделецот не може да го продаде произведеното, затоа што нема откуп, четири години луѓето едвај преживуваат. И не само што не се…

Read More

Денеска во кругот на поранешната фабрика ОХИС стартуваше долгоочекуваното чистење на малата депонија контаминирана со линдан и неговите изомери, жешка точка која претставува голема опасност за животната средина во Скопје. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини посочи дека со оваа акција ќе се реши еден децениски проблем, кој преставува жешка еколошка точка во главниот град. „Планот, како што беше најавено, е во Франција да се извезе лиданот, а во Холандија да биде извезена контаминираната почва. На почеток од следната година треба да се отстранат првите количини од околу 700 тони контаминирана почва“, рече Нуредини. Чистењето на линданот…

Read More

„Достапноста и отвореноста на полициските службеници до сите граѓани, а тоа особено важи за локалните заедници, секогаш и секаде, е од примарно значење за нас. Прво, заради поефикасно остварување на полициските работни задачи, а уште повеќе и заради една поблиска соработка меѓу полицијата и граѓаните, во интерес на поголема безбедност и сигурност на граѓаните во заедницата“, ова меѓу другото го истакна министерот Спасовски на денешната промоција на уште една Канцеларија за превенција во Општина Илинден, што ќе функционира при Полициското одделение Петровец, во рамки на Секторот за внатрешни работи Скопје, заедно со градоначалникот Жика Стојановски, во присуство на директорот на…

Read More

„Денеска во Охрид се договоривме дека отвораме ново поглавје во билатералните односи меѓу Северна Македонија и Албанија. Се согласивме дека преку заедничкото управување на нашето природно и културно наследство што го споделуваме со целиот свет, односно со преземање конкретни чекори за заштита, ќе поставиме пример и за развојот на добрососедските односи, за подобар и поблиску интегриран балкански регион“, кажа министерката за култура Ирена Стефоска на заедничката седница на националните комисии на УНЕСКО на Северна Македонија и на Албанија што се одржа денеска во Охрид. На седницата претседаваа министерките за култура на Северна Македонија и на Албанија, Ирена Стефоска и Елва…

Read More

Земјоделците и земјоделските субвенции ја вжештија собраниската дебата во Комисијата за финансирање и буџет каде на дневен ред е расправата по амандманите за ребалансот на буџетот, вкупно 255 од кои 153 поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. На стартот од расправата беше одбиен амандман на опозицијата, да се предвидат 300 милиони денари за интервентен фонд за земјоделство. Пратеникот од Социјалистичката партија, Љупчо Димовски, истакна дека доколку постоел ваков фонд, немало да има потреба од ковид мерки за земјоделците. И пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Благица Ласовска, побара итно да се прифати амадманот за формирање на Интервентен фонд за земјоделски субвенции, посочувајќи дека токму…

Read More

Првиот ден од теренската вакцинација, без закажан термин, ги преполни вакциналните пунктови. Уште од рано изутрина се создал метеж пред скопските Поликлиники, за што сведочат и фотографии објавени во медиумите. Граѓани сведочат дека во Поликлииката „Јане Сандански“ во скопската населба Аердором интеревенирале екипи на МВР за да ја смират толпата која нетрпеливо чекала да влезе на вакцина. Потврда за ова добивме и од раководнот тим на Поликлиниката. „Точно е дека утрово имаше голем метеж пред нашата Поликлиника. Дојдоа граѓани кои имаа закажано ревакцина, згора еден поголем број на луѓе кои без термин дојдоа да се вакцинираат. Се направи турканица, сите…

Read More

Се е подготвено за Првата меѓународна конференција, најголема по својот формат, што воопшто ја има организирано државава а насловена како „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна “ која се одржува во рамки на Преспа форумот за дијалог. Охрид и Отешево каде овие два дена ќе се реализираат многу панел дискусии, собраа на едно место околу 300 гости тргнувајќи од високи претставници на Американската администрација, шефови на држави и на влади, министри, тинк тенк организации, граѓански сектор како и стотина новинари што само по себе говори за големиот медиумски интерес за ова случување.Темите поставени на конференцијата се…

Read More

Смртоносниот топлотен бран во Канада досега однесе најмалку 233 животи, соопштија властите. Ова е невиден црн рекорд поради екстремно високи температури. Најсилно беше погодена провинцијата Британска Колумбија, каде во градот Литон беше регистрирана рекордна температура од 49,6 степени Целзиусови. Претходниот рекорд беше поставен во минатиот век – 1937 година и беше 45 степени. Експертите предупредуваат дека таквите екстремни температури може да предизвикаат големи шумски пожари.

Read More

Две трансплантации на бубрези од починат донор се вршат утрово на Клиниката за урологија, објави на официјалниот профил на Фејсбук, министерот за здравство, Венко Филипче. „По направената експлантација на органите која заврши во доцните ноќни часови. Благодарение на хуманоста на семејството на донорот и нивната одлука да се донираат органите, двајца пациенти на дијализа добија шанса за нов живот. Ова храбро семејство уште еднаш ни покажа дека е возможно живот да се подари. Дека можеме да веруваме во чуда и некој да добие втора шанса за живот.“, пиша тој. Министерот упати благодарност до семејството и до сите лекарски тимови кои…

Read More

Во Скопје утре ќе се одржи втората официјална „Парада на гордоста“, или трета ако се земе в предвид и минатогодишната која се организираше онлајн поради забраната за групни собири што беше на сила минатата година поради корона пандемијата. Во пресрет на „Скопје Прајд“, разговараме со Лила Милиќ, активистка за правата на трансродовите лица и коосновач на „ТрансФормА“ – Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Република Северна Македонија, како и активистка за правата на сексуалните работници. „ТрансФормА“ постои од 2011 година, кога група на млади активисти почнаа да изработуваат кратки видеа и печатени материјали наменети за…

Read More

За неполни шест месеци Владата ги задолжи граѓаните за нови 287 милиони евра, алармира претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој на Фејсбук напиша дека буџетскиот дефицит за периодот од 1 јануари 2021 до 22 јуни 2021 изнесува 17,7 милијарди денари или 287 милиони евра, што според него е нов долг за Македонија и граѓаните. „Во периодот од 1 јануари 2021 до 22 јуни 2021 Владата на Зоран Заев и СДСМ го задолжи секој граѓанин за нови 8.840 денари или за 143 евра. Од новиот долг што го направи Владата на Зоран Заев и СДСМ во капитални инвестиции потрошени се…

Read More