Author: Biljana

Германија ја направи интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ главен приоритет за владата бидејќи нивниот пристап е геополитички важен за ЕУ, рече синоќа германскиот канцелар Олаф Шолц. Откако започна руската агресивна војна во Украина, германската влада ги интензивираше напорите да ја забрза интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. „Успешната интеграција во ЕУ на нашите партнери од Западен Балкан е во сопствен интерес на Европската унија“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц за време на прес-конференцијата заедно со неговиот холандски колега Марк Руте во Хаг. „Затоа е на врвот на политичката агенда на германската влада“, рече Шолц, додавајќи дека интеграцијата на Западен…

Read More

Според статистика на ОН се проценува дека во периодот меѓу 1990 и 2019 година, повеќе од 200.000 Македонци заминале во странство за подобар живот, со што вкупното иселување достигна неверојатни 32 отсто од вкупното население. Информацијата ја објави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска која денеска учествуваше на Меѓународната конференција за миграција „Луѓе во движење. Државјанство, идентитет и развој“, организиран од Универзитетот Мајка Тереза, Скопје. Таа посочи дека, дефицитот на работна сила во одредени сектори може да се задоволи преку подобрување на условите за странски работници и поедноставување на законските процедури. На конференцијата министерката Тренчевска даде краток осврт…

Read More

Војвотката од Кембриџ Кејт, синоќа на лондонската премиера на најновиот филм на Том Круз Top Gun Maverick блесна во црн долг фустан на креаторот Роланд Муре. Таа и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам беа највисоките гости на гала вечерта. Кралскиот пар беше дочекан од ѕвездата на вечерта актерот Том Круз кој ј игра главната улога во продолжението на култниот Top Gun. Том Круз ја изненади кралската двојка галантно подавајќи и рака на војвотката Кејт да се искачи по скалите додека покрај нив чекореше и нејзиниот сопруг Вилијам. Кејт не можеше да ја сокрие одушевеноста од американската актерска легенда. На црвениот тепих…

Read More

Професорката на Електротехничкиот факултет во Љубљана, Емилија Стојменова Дух е словенечка државјанка, но и Македонка од Виница која доби министерско место во новата влада на Словенија. Стојменова во меѓупериодот додека владата во Љубљана да почне официјално со работа, што се планира за почетокот на јуни, за НоваТВ ги изнесе своите први импресии од добивањето на поканата од новиот премиер Голоб да влезе во неговиот тим, но и за тоа дали е лесно да се биде жена во политиката, било каде, па и во Словенија. Таа вели дека во ниту една земја не е лесно жена да се искачи толку високо…

Read More

Партијата на словенечкиот премиер во заминување Јанез Јанша фрли песок во работата на новата лево-либерална влада иницирајќи референдум што ќе ја одложи големата реформа на владините одделенија што ја бара Роберт Голоб, идниот премиер. Партиите во претстојната коалиција сакаа да го зголемат бројот на владините позиции од 16 на 20 и да ја променат својата надлежност. Меѓутоа, на парламентарната седница во средата (18-ти мај) на која требаше да се донесат промени во актот со кој се уредува составот на владините оддели, демократите (СДС) поднесоа предлог за референдум што ќе го одложи планот за најмалку еден месец, иако референдумот нема да…

Read More

Бројот на пациенти со коронавирус во Северна Кореја се искачи на речиси два милиони. Луѓето во Северна Кореја не се вакцинирани и немаат можност да добијат ефективни антивирусни лекови. На почетокот на 2020 година, земјата ги затвори своите граници за да се обиде да се изолира од пандемијата. Севернокорејското раководство досега одбиваше медицинска помош од странство, а државните медиуми препорачуваат традиционални третмани за борба против она што во таа земја се нарекува „треска“. За оние кои не се сериозно болни, провладиниот дневен весник Родонг Симнун препорачува чај од ѓумбир со мед и пијалок од лист од врба. Топлите пијалоци можат…

Read More

Позната украинска докторка ги снимила настаните во Мариупол на мемориска картичка не поголема од ноктот, а картичката била прошверцувана надвор од градот во тампон. Сега е во руски раце во време кога Мариупол е на работ да падне. Јулија Пајевска во Украина е позната како Таира, а прекарот го добила по ликот што го избрала во популарната игра World of Warcraft, пишува АП, пренесува Индекс. Таа снимила 256 гигабајти видео снимки со натчовечките напори на нејзиниот тим во текот на две недели во Мариупол. Шокантната снимка му била дадена на тимот на Асошиетед прес, на последниот меѓународен новинар во Мариупол…

Read More

По средбата пред три дена, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска повторно ќе седнат на преговарачка маса, на нова рунда преговори за барањата на Синдикатот. По денешната средба на МТСП и СОНК која е предвидено да започне во 10:45 часот во просториите на Министерството, предвидена е изјава за медиуми, информира Министерството за труд и социјална политика. По претходната средба на Министерството и Синдикатот, која се одржа во вторникот, и првиот човек на СОНК, Неделков и министерката Тренчевска се согласија оти спорот помеѓу двете страни е…

Read More

Телото на Матеј Периш денеска од црквата Свети Антониј во Белград ќе биде испратено во Сплит, каде ќе биде погребан, соопштија од белградската надбискупија. Телото ќе биде изложено во црквата од 15 часот, а во 17 часот ќе има погреб што ќе го предводи белградскиот архиепископ Станислав Хочевар, јавуваат српските медиуми. Да потсетиме, вчера беше потврдено дека младиот човек чие тело беше пронајдено завчера во Дунав е Матеј Периш. Според Телеграф, ДНК анализата докажала дека се работи за исчезнатиот граѓанин на Сплит. Причината за смртта, очекувано, е давење, покажа обдукцијата. Ќе се прави и токсиколошка анализа, но овие резултати се…

Read More

За време на вчерашниот говор пред украинските студенти, претседателот Зеленски рече дека сѐ уште не може да ги повика Украинците да се вратат дома од странство поради страв дека последната фаза од војната ќе биде најтешка и најкрвава, објавија локалните медиуми. Во областа Чернихив северно од Киев, Русите го нападнаа селото Десна и многумина беа убиени, рече украинскиот претседател во ноќното обраќање. „Постојани се нападите на местата околу Одеса, на градовите во централна Украина, Донбас е целосно уништен – сето тоа нема и не може да има никакво воено објаснување, како што тврди Русија“, продолжи тој. „Ова е намерен и…

Read More

Свјатослав Паламар, заменик-командантот на Азовскиот полк, објави видео во траење од 18 секунди во кое вели дека тој и другите команданти се уште се на територијата на фабриката. „Во тек е операција, чии детали нема да ги обелоденувам. Ви благодарам на целиот свет и благодарам на Украина за (вашата) поддршка. Се гледаме“, рече тој, пренесе Ројтерс. Не е јасно колку борци останале внатре. Ова го пренесе Би-би-си, од каде наведуваат дека не е јасно на која операција војникот мисли. Руското Министерство за одбрана соопшти дека претходниот ден се предале 771 борец од Азовскиот полк, со што вкупниот број на предадени…

Read More

Северна Македонија се најде на 31-во од 49 места на годишниот извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето „Rainbow Europe“ на организацијата „ИЛГА Европа“. Земјава, во шест категории, има ранк од 27% од вкупно 100% во однос на постигнатите права за ЛГБТИ заедницата. Со цел да се подобри правната и политичката ситуација на ЛГБТИ луѓето, во извештајот на „ИЛГА Европа“ се препорачува усвојување на правична и транспарентна правна рамка за признавање на родот, заснована на процес на самоопределување и ослободена од навредливи барања. „Воведување закони за говор на омраза кои експлицитно ги покриваат сите злосторства мотивирани од пристрасност…

Read More