Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Невремето со обилен дожд и силен ветер што од синоќа зафати делови на Грција, создаде низа проблеми, противпожарната служба интервенираше за помош на граѓани, а едно лице исчезна на островот Евија, јави дописничката на МИА од Атина. Од доцна синоќа спасувачки екипи започнаа потрага по исчезнат маж на планината Дирфи на Евија, а акцијата продолжува и сабајлево. На Кефалониа од силниот ветер се урна кров на пристаништето, по што интервенираа пожарникари за спасување на две лица, додека пак во Атина, седум возила, доцна синоќа беа заглавени во поплава предизвикана на булевар и спасени пет лица. На островот Хиос рано утрово,…
„Литургија на помирување“ меѓу Српската православна црква и Македонската православна црква се оддржува од изутрина во 9 часот во Соборниот храм „Свети Сава“ во српската престолнина Белград. Патријархот на СПЦ Порфириј утрово ја пречека македонската црковна делегација предводена од архиепископот Стефан во близина на храмот на „Свети Сава“ во Врачар. Во делегацијата на МПЦ се архиепископот Стефан, митрополитите Петар, Тимотеј, епископот Климент, Архимандритот Нектариј од манастирот „Свети Наум“, архимандритот Агатон од манастирот „Свети Пантелејмон“. Со оваа литургија, практично, се воспоставува „литургиско и канонско општење“. Во соопштението на СПЦ беше наведено дека македонската црква се враќа во положба на „најширока автономија“…
Пред соборниот храм „Свети Сава“ во Белград веќе се собрани голем број верници каде српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан служат архиерејска литургија за воспоставување на „литургиско и канонско општење на двете сетрински цркви“, односно литургија на помирувањето. Присутни се и медиумите од Македонија, пренесуваат српските медиуми. Патријархот на СПЦ Порфириј утрово ја пречека делегацијата на „Охридската архиепископија“ предводена од архиепископот Стефан во близина на храмот на Свети Сава во Врачар. Поради присуството на српскиот патријарх Порфириј, но и поради самата значајност на настанот, околу храмот Свети Сава се распоредени припадници на специјалната полиција, кои ги претресуваат…
Во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан служат архиерејска литургија за воспоставување на „литургиско и канонско општење на двете сестрински цркви“, односно литургија на помирувањето. https://www.youtube.com/watch?v=JV9DZuOSFzQ&feature=emb_title
Во средата вечерта, повеќе украински борци беа евакуирани од Азовстал. Неколку автобуси придружувани од руската армија го напуштија просторот на челичарницата. Не е јасно колку борци се уште се во фабриката за челик. Г7 денеска за финансиите на Украина Министрите за финансии на Г7 денеска ќе се состанат во Германија за да изработат план за зајакнување на украинската економија зафатена од војната. Американскиот министер за финансии Џенет Јелен пред состанокот во Кенигсвинтер изјави дека она што е досега договорено „не е доволно“ и ги повика американските партнери „да ни се придружат во зголемувањето на нивната финансиска поддршка“. Соединетите Држави постигнаа…
Ненад Периш, таткото на исчезнатиот Хрват Матеј Периш, кој ненадејно го снема во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември, за хрватските медиуми вели дека сите во семејството тешко се справуваат со тоа што потрагата по Матеј завршила трагично Го спакував куферот и одам да го земам син ми во Белград. Утринава ми се јави началникот на белградската полиција и ми рече дека е пронајдено тело низводно од Панчевскиот мост и дека облеката одговара токму на онаа која ја носел Матеј. Денеска, или најдоцна утре ќе бидат познати резултатите од обдукцијата и ДНК анализата. Но, верата ме учи дека ова…
МВР информираше дека избил пожар во локомотива од патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Гевгелија. -Околу 18:42 часот во текот на вчерашниот ден во ОВР Неготино било пријавено дека на железничка станица Кукуричани настанал пожар во локомотивата. Екипа на Територијалната противпожарна единица Неготино го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото ивршила екипа од ОВР Неготино, стои во полицискиот билтен. Вчера на ТикТок се појави и видео од немилиот настан, на кое се гледа како неколку луѓе се обидуваат со кофи со вода да го изгаснат пожарот, при што од локомотивата излегува густ чад. https://www.tiktok.com/@kristene_trinchera/video/7098990413834439941?is_copy_url=1&is_from_webapp=v1&refer=embed&referer_url=https%3A%2F%2Flokalno.mk%2F&referer_video_id=7098990413834439941
Во храмот „Свети Сава“ во Белград денеска треба да се одржи литургија на помирување на Македонската православна црква и Српската православна црква. Македонските владици во Белград беа пречекани со биење на камбани. Литургијата ќе се одржи во храмот „Свети Сава“. Литургијата во Белград треба да започне во девет часот, а српскиот патријарх Порфириј, како што наведуваат српските медиуми, го повикал „верниот народ“ во што е можно поголем број да присуствува на архиерејската литургија. Македонските владици вчера беа пречекани со биење на камбани, а поглаварот на Српската православна црква на Инстаграм напиша: „Како што ѕвонат ѕвоната на Светосавскиот храм, така и…
Маичката пронајдена на телото на помлад маж кој утринава се појави кај Ада Хуја е идентична со маицата што ја носеше Матеј Периш, ексклузивно дознава „Блиц“. Станува збор за темна маичка со апликација на јагуар и натпис со жолти букви. Телото на младиот маж е пронајдено на осум километри од местото каде последен пат бил виден Периш. На неговото тело бил пронајден сребрен часовник на раката, додека во џебот од фармерките бил пронајден мобилен телефон, објави „Блиц“. Матеј Периш бил облечен со истата маичка на фотографијата која кружеше по сите медиуми кога беше пријавено неговото исчезнување во Белград. Новости објави…
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рече дека Шведска не треба да очекува да биде одобрена нејзината апликација за влез во НАТО без да ги врати „терористите“, пренесува Ројтерс. Шведските и финските делегации не треба да доаѓаат во Турција за да ја убедат да ги поддржи нивните обиди за приклучување кон алијансата, рече Ердоган во говорот пред пратениците од неговата владејачка АК Партија. „Имаме таква чувствителност како заштита на нашите граници од напади на терористички организации. Проширувањето на НАТО за нас е значајно само пропорционално на почитта што ќе се покаже кон нашата чувствителност“, рече Ердоган. Турција ги обвини Шведска и…
Русија протера 34 француски дипломати и персонал во одмазднички потег, соопшти нејзиното Министерство за надворешни работи. Како одговор, француското Министерство за надворешни работи ја осуди одлуката на Русија да го истера својот персонал од амбасадата во Москва. Минатиот месец, Франција протера 35 Руси со дипломатски статус како дел од бранот протерувања во кои беа протерани повеќе од 300 Руси од европските престолнини. Подоцна истиот месец, француското Министерство за надворешни работи прогласи шест руски агенти кои се претставувале како дипломати како „персона нон грата“, откако разузнавачката истрага заклучи дека тие работат против националните интереси на Франција.
Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 2,5 денари за литар, а на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 94,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 96,5 – додека пак цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува 86 денари. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста, односно 84 денари за литар. Исто така, за 1,9 денари се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 54,3 денари.