Author: Biljana

Во следните 5 до 6 години помалите градови ќе се соочат со комплетен недостиг на конкретни кадри и конкретни професии надвор од главниот град. Само тројца од вкупно присутните 20-тина млади на денешната конференција „Да кажеме СТОП на иселувањето на младите“ биле вклучени во креирањето на младински политики од страна на државните институции. Овој, како што велат поразителен податок, според говорниците на Конференцијата само по себе кажува дека националните политики за млади се носат без сеопфатна анализа и без консултација со младите и младинските организации. Дел од младите, на денешната дебата алармираа дека во Македонија недостигаат платежни процесори како Пејпал.…

Read More

Министерството за економија денеска ќе прави анализа како се спроведуваат антикризните мерки. Министероот за економија, Крешник Бектеши вели дека анализата која ќе ја прават денеска, ќе ја презентираат на утрешната владина седница. Тој не ја исклучува можноста за носење на дополнителни мерки со цел да се намалат ценовните шокови. „Ги објавивме 26-те мерки за заштита на стандардот на граѓаните во глобалната економска криза. Ние имаме и други механизми во Министерството за економија, но и во другите институции, како автономните мерки со кои можеме целосно да укинеме некои царински давачки кои се предвидени, имајќи предвид дека нашата држава, главно, трговијата ја…

Read More

ДИК ја запре постапката за избор на градоначалник на Општина Маврово Ростуше. Државната изборна комисија на денешната седница ја запре постапката за избор на градоначалник на Општина Маврово Ростуше, откако минатата недела кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски ја повлече кандидатурата, бидејќи нема противкандидат. Овој заклучок, Државната изборна комисија го носи поради тоа што досега по истекот на сите законски рокови, до Општинската изборна комисија Маврово Ростуше нема потврдени листи за избор на градоначалник за Општина Маврово Ростуше, по решението за распишување избори од 4 февруари оваа година. „Поради тоа ние мораме да констатираме со заклучок дека ДИК од своја страна…

Read More

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени биле 965 тестови, а регистрирани се 64 нови случаи. 12 од новите случаи се реинфекциии. Регистрирани сe 296 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (63г) и Струмица (77г), починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од Скопје (73г) и Гевгелија (63г). Пријавените лица се починати во период од 05.03. до 12.03.2022 година. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и едно…

Read More

Заштитеното подрачје „Осоговски Планини“ во соработка со МЕД го означи денот на пролетта со поставување на туристичко информативни табли на Пониква. Македонско еколошко друштво во соработка со ЗП „Осоговски Планини“ денеска на Пониква ги промовираше поставените информативни табли за посетителите на подрачјето. Таблите имаат информативен карактер и содржат општи податоци за заштитеното подрачје, неговата геолошка и биолошка разновидност како и интересни податоци и факти за туристичката понуда во регионот. „Заштитениот предел „Осоговски Планини“ е дом на шуми со висока природна вредност кои се особено значајни за поддржување на биолошката разновидност и здравиот живот на луѓето“, изјави Деспина Китанова, раководител на…

Read More

Бензинот поевтинува за половина денар, а дизелот поскапува за еден денар.  Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе стапат на сила вечерва на полноќ. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари за литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,00 денар за литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.03.2022 година. Со ова, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 79,00 денари, а…

Read More

Од 25 отсто до 30 отсто од вкупниот број на загинати лица во сообраќајни незгоди се пешаци, објави Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). Изминатите години бројката на загинати пешаци на ниво на Република Северна Македонија се движи околу 30 загинати и околу 750 повредени пешаци во сообраќајни незгоди. „За безбедно преминување на улицата потребно е максимално и целосно почитување на сообраќајните правила и прописи и од страна на пешаците и од страна на возачите. Најважно е да се знае дека во сообраќајот не постои апсолутно право на првенство на минување. Тоа значи дека возилата се должни…

Read More

Соработката со Бугарија е унапредена, дециден е премиерот Димитар Ковачевски. Во одговор на новинарско прашање, при денешната посета на компанијата „Витаминка“ во Прилеп, Ковачевски рече дека по доаѓањето на двете нови влади и воспоставувањето нов начин на комуникација, соработката меѓу двете земји е унапредена. Тој најави и дека штом ќе има документ прифатлив за двете страни, ќе биде споделен со институциите и со јавноста. Според премиерот Ковачевски, секогаш ќе постојат поединци кои сакаат тие односи да ги направат полоши, но македонската и бугарската влада се против тоа и сметаат дека треба да се соработува на сите полиња и во секоја…

Read More

По 74 дена поминати на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, предвремено роденото бебе Викторија си замина дома. Убавата вест преку Фејсбук ја споделија од Клиниката. Мајката била прворотка, а на ЈЗУ УГАК била хоспитализирана пред Нова Година, во ризична бременост. Се породила спонтано, во 26 гестациска недела од бременоста на 4 јануари. Викторија се родила со екстремно мала тежина од само 700 грама, со должина од 28 сантиметри. „Во периодот на престој на нашите одделенија, новороденото имаше комплексен третман. Во интензивниот третман применета е механичка вентилациона поддршка во првите 21 ден од раѓањето. Потоа новороденото беше ставено…

Read More

Град Скопје започна со пролетна акција за чистење на градските булевари и површините под градска надлежност. Акцијата ќе се спроведува во месеците март, април и мај, во 10 скопски општини. „Големата пролетна работна акција низ општините опфаќа активности на чистење на булеварите и улиците, рачно и машинско миење на улиците, собирање на кабаст отпад на предвидените локации низ општините, санирање од оштетувања на коловозите, поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, садење садници и уредување на зеленилото низ скопските општини, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња, каде што по нивен хуман третман ќе биде…

Read More

Министрите за надворешни работи на ЕУ, заедно со нивните колеги за одбрана, ќе разговараат околу можни нови санкции против Москва. До сега ЕУ усвои четири пакети санкции против Русија, но енергетскиот сектор, нафтата, јагленот и гасот, до сега беше поштеден. Низа земји членки бараат сериозно да се разгледаат санкции во енергетскиот сектор. Литванскиот министер за надворешни работи, Габриелиус Ландсбергис, порача дека не смее ЕУ да си дозволи да не покаже единство пред Русија во овој момент. „Неизбежно е да почнеме да разговараме за енергетскиот сектор, дефинитивно нафтата бидејќи е најголем приход во рускиот буџет, а е лесно заменлив“, изјави шефот…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на работен појадок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската унија  под покровителство на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас. Работниот појадок беше посветен на европското досие на Северна Македонија.

Read More