Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Вежби на руските нуклеарни сили. Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ги следи вежбите на руските нуклеарни сили, во чии рамки е планирано лансирање на балистички и крстаречки ракети, јавија руските медиуми, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана. Според Министерството, вежбите за стратешко одвраќање „се планираат однапред поради проверка на подготвеноста на воените командни центри, лансирните борбени тимови, екипажите на воените бродови, носачите на ракети за извршување на доделените мисии, како и доверливоста на нуклеарното и конвенционално оружје“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Путин ќе ги следи вежбите на силите за стратешко одвраќање од Центарот за контрола…
Западот мора да покаже голема солидарност ако сака да го убеди рускиот претседател Владимир Путин да не ја нападне Украина. Ова пред Минхенската безбедносна конференција го порача британскиот премиер Борис Џонсон. „Се уште постои шанса да се избегне непотребното крвопролевање, но за тоа ќе биде потребна огромна западна солидарност, нешто што не сме го виделе во поновата историја“, истакна Џонсон во изјавата пред неговата посета на Минхен. Тој нагласи дека сојузниците мора да имаат единствен став за да му ја нагласат на рускиот претседател Путин високата цена на секоја понатамошна руска инвазија врз Украина, изразувајќи убедување дека дипломатијата сè уште…
Во Скопје претпладне сончево, попладне со мала до умерена облачност. Утрово до седум часот во Берово беше најстудено, – 5 степени. Во Скопје-Петровец се измерени -4 , -3 во Битола, Демир Капија и Струмица, -2 во Kрива Паланка и Тетово, -1 во Претор, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Гевгелија, Дебар и Куманово, 0 во Охрид, 1 Попова Шапка, 2 Крушево, Виница и 4 степени во Дојран. Најмногу снег има на Попова Шапка, 24 сантиметри, додека во Крушево снежната покривка е три сантиметри. Според УХМР, претпладнево времето ќе биде сончево, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен,…
Матичните лекари го прекинуваат протестот – преку работни групи со Министерството ќе бараат решение на проблемите. Министерството за здравство заедно со Здружението на приватни лекари ќе формираат работни групи на кои ќе се дефинираат конкретните чекори за подобрување на состојбите со кои се соочуваат со лекарите од примарното здравство. Ова било договорено на денешниот состанок помеѓу заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски и претседателката на Здружението, Лилија Чолакова Дервишова. „Во овој краток период откако ја преземав функцијата имав повеќе средби и со министерот за здраство и со Фондот за здравствено осигурување, она што го увидувавме во примарната здравствена заштита е…
Од 1 септември сите ученици ќе учат од учебници, велат од МОН. Министерството за образование и наука ги разгледува сите можности, во тек се постапки и од 1 септември сите ученици во основно и средно образование ќе имаат учебници, соопшти ресорниот министер Јетон Шаќири. Пред учеството на трибина во Струга, која е дел од кампањата „Учи паметно, работи стручно“, одговарајќи на новинарско прашање за немањето учебници по стручни предмети во средното образование, Шаќири рече дека учениците ќе продолжат да учат како и досега, бидејќи според законските процедури потребни се најмалку три месеци за одобрување на одреден учебник. „Педагошката служба има…
Повторно не почна расправата по двете точки на дневниот ред на деветта седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. Поради несогласувања на опозициските пратеници и претседателката на комисијата Жаклина Лазаревска од СДСМ околу дневниот ред на седницата, таа даде еден час пауза. Според Лазаревска, дневниот ред бил изгласан со осум гласа „за“ на седницата на 17 јуни 2021 и затоа продолжуваат со работа. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, пак, кои собрани пред претседателката реагираа бурно, негираа дека дневниот ред тогаш бил усвоен и побараа снимка од таа седница. Инсистираа дека треба да им се дозволи процедурални излагања пред усвојување на…
Засилени вонредни контроли на Државниот инспекторат за труд за фирмите кои работат во недела. 59 работодавачи за месец и половина биле санкционирани поради непочитување на одредбите од Законот за работни односи за работа во недела кој стапи на сила на 1 јануари, откриваат за НоваТВ од Државниот инспекторат за труд. 11-мина од прекршителите добиле и забрана за работа во траење од 15 дена и глоби за непочитување на Законот за трговија. „Изречени се 48 инспекциски мерки – опомена, за работодавачи кај кои согласно член 134 став 3 работниот процес е од таква природа што не може да се прекине поради…
Голем дел на високата смртност од корона вирусот се должи на запоставеното здравје, вели претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Според Петличковски, сите здравствени работници најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19. „Во ниеден контекст не можам да кажам дека зголемената смртност е резултат на непочитување на протоколи. Јас сум убеден дека сите здравствени работници според нивните сознанија најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19. Бројките ни се високи, да, но редовно ги споредувам со Словенија, со слична структура на населението и таму и во оваа фаза на пандемијата бројките се редовно над 20“, додаде Петличковски…
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени биле 3.513 тестови, а регистрирани се 1.117 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни (1.117), регистрирани се 154 реинфекции. 575 се од Скопје, Велес – 63, Куманово – 56, Битола – 54, Кавадарци – 44, Струмица – 38, Кичево – 33, Тетово – 32, Прилеп – 29, Гостивар – 24, Охрид – 20, Радовиш – 17, Гевгелија – 16, Штип и Неготино – по 15, Кочани – 12, Струга и Дебар – по 11, Ресен – 10, Крива Паланка – 9, Кратово – 5, Свети Николе, Берово и…
Ќе се тестираат основците, бидејќи таму имало најголем број на заразени. Зголемениот број на позитивни ученици во основните училишта го вклучија алармот, па Комисијата за заразни болести најави дека од утре ќе почне најавениот скрининг во училиштата. Тестирањето ќе биде со брзи тестови, а ќе се тестираат само ониое деца чии родители ќе дадат пишана согласност. Скринингот ќе се врши само во основните училишта, бидејќи како што посочија од Комисијата, епидемиолошката состојба во средните училишта била мирна. „Комисијата за заразни болести донесе заклучок внимателно да се следи состојбата во училиштата и доколку се утврди било какво зголемување на бројките на…
Матични лекари на последна координација пред утрешниот протест. Револтирани од казните кои ги добија од Фондот за здравствено осигурување за административни пропусти уште од 2019 година, дел од лекарите од примарното здравство за утре најавуваат протест. Од Здружението на приватни лекари велат дека, во текот на утрешниот ден, нема да пружаат помош преку системот „Мој Термин“, освен за пациентите кои ќе имаат итна потреба од матичен лекар. „Примарното здравство не може да го издржи финансискиот товар, покачувањето на минимална плата и трошоците за живот од една страна, но од друга се соочуваме со казнена политика од административен карактер“, велат од…
Северна Македонија има стабилен раст на одбранбениот буџет кој годинава достигна 1,77 проценти од бруто-домашниот производ, а до 2024 година ќе се искачи до проектираното ниво од 2 проценти од БДП. Истовремено, државата континуирано вложува и во модернизацијата на вооружените сили и имајќи предвид дека модернизацијата опфаќа над 30 проценти од буџетот за 2022 година, земјава се вбројува во групата од 24 НАТО сојузници кои по таа основа веќе ги исполнија насоките од Самитот на Алијансата во Велс. Како што соопшти Министерството за одбрана, министерката Славјанка Петровска за овие значајни достигнувања ги информирала министрите за одбрана на сојузничките земји на…