Author: Biljana

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, денеска во Гостивар ја продолжи истрагата околу случајот со Ембла Адеми, девојчето со Даунов синдром, кој предизвика бурни реакции во јавноста. Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во изјава за НоваТВ вели дека членовите на Комисијата разговарале со родителите кои ја поднесоа петицијата до директорот на Основното училиште „Единство – Башкими“. „Комисијата имаше повеќе прашања и за родителите на децата кои ја поднесоа петицијата, но и за стучните лица од училиштето во кое учи Ембла. Разговараа и со нејзните три наставнички, ги соочивме сите факти поткрепени со документи, во разговорите се вкучија и училишниот…

Read More

Премиерот Ковачевски ги посети реномираните и успешни компании „Адиент“ и „Кондево“ во Трговско индустриската и развојна зона Штип. „Адиент“ и „Кондево“ се компании во кои постојано се вложува во опрема и иновации согласно најновите светски трендови, и каде вработените придонесуваат за извоз на производи со врвен квалитет. Согласно анализите на Дирекцијата на ТИРЗ, после 2017 година бројот на вработени и на платите во фабриките во зоните е во постојан раст. Во периодот 2010 – 2016 година просечната плата во ТИРЗ изнесувала 21.700 денари, додека во периодот 2017 – 2020 година нето платите во просек достигнуваат 28.686 денари. Дополнително, просечниот број…

Read More

Министерот за здравство Беким Сали се сретнал со јапонскиот амбасадор Хиронори Савада. „Со јапонскиот амбасадор, неговата екселенција Хиронори Савада на денешната средба ја потврдивме досегашната одлична соработка и договоривме нејзино продлабочување. За нашата држава поддршката на јапонскиот народ е од огромна важност, посебно во овие моменти кога се соочуваме со пандемијата на Ковид-19 вирусот, а за оваа намена во тек е реализација на грант како помош за справување во пандемијата со Ковид во износ од над 800.000 евра за набавка на медицинска опрема за Инфективната клиника и КАРИЛ, а предвидена е и реконструкција на одделот за радиотерапија на Клиниката за…

Read More

Сите прашања кои не се во насока на справување со најголемите предизвици предизвикани од кризата претставуваат дефокусирање од проблемите кои се најважни за граѓаните, вели премиерот Ковачевски. „Прашањето за една изборна единица е дел од Изборниот законик и ова прашање секогаш се носело со консензус во Собранието. СДСМ е политичка партија која прва го поддржа концептот на една изборна единица, а со тоа и барањето на помалите политички партии кои се дел од владејачката коалиција“, рече претседателот на Владата, Димитар Ковачевски при посетата на фабриката „Кондево“ во ТИРЗ Штип. Според Ковачевски, изборните модели треба да бидат правени врз основа на…

Read More

Економско – социјалниот совет кој ќе се одржи вечерва во Владата е нов обид да се постигне договор за покачување на минималната плата помеѓу социјалните партнери – Владата, синдикатите и работодавачите. Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, во гостување на ТВ24, рече дека власта разгледува неколку алтернативни решенија за кои ќе се разговара на вечерашниот состанок. „Имаме неколку предлози од социјалните партнери од ССМ, Организацијата на работодавачите и Бизнис конфедерацијата на Македонија ги разгледуваме предлозите се прават проекции на истите. Верувам дека денес, со продолжението на социјалниот дијалог ќе го донесеме најсоодветното решение кое ќе биде прифатено од…

Read More

Вакцинацијата против КОВИД-19 се препорачува за трудници. Сите кои имаат 18 години и се постари од 18, вклучително и оние кои се бремени, кои дојат, се обидуваат да забременат сега или планираат во иднина, треба да бидат целосно вакцинирани. Вакцината може да заштити од сериозни(тешки) компликации при КОВИД-19, а здравата мајка е важна за здраво бебе, се вели во извештајот што на својата веб страница денеска го објави Институтот за јавно здравје. Ако жената забремени откако ја добила првата вакцина против КОВИД-19, а се потребни две дози (т.е.„Фајзер“ или вакцина „Модерна“), треба да ја прими втората вакцина за да добие…

Read More

Со апел за поголема видливост во јавноста и создавање на услови за поквалитетен живот за сите лица со ретки заболувања, НВО секторот го одбележува Февруари – месецот на ретки болести. Весна Алексовска, од Здружението „Живот со предизвици“ во интервју за НоваТВ ги повика здравствените власти во иднина да прават скрининг за метаболни ретки болести кај сите новороденчиња, а не само на лимитиран примерок, бидејќи со рана дијагностика и со правилната исхрана и децата кај кои ќе биде детектирана болеста Фенилкетонурија може да имаат квалитетен живот. Апелираат до надлежните што поскоро да ги дефинираат ретките болести во Законот за здравствена заштита,…

Read More

Од понеделник влезот во Грција за оние кои имаат активен европски сертификат ќе биде без задолжителен тест. Грција, од понеделник, ја укинува мерката воведена 19 декември 2021 година за задолжителен ПЦР/рапид тест и за вакцинираните и за невакцинираните патници за влез во земјата, мерка што важи и за државјаните на Северна Македонија. Министерот за здравство Танос Плеврис истакна дека за оние кои имаат валиден европски сертификат нема да биде потребен тест за патување во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. „Од понеделник 7 февруари влезот во земјата за оние кои имаат активен европски сертификат ќе биде без задолжителен тест“,…

Read More

„Денеска ја славиме 150-годишнината од раѓањето на еден од најсветлите умови во нашата историја – бугарскиот револуционер Гоце Делчев“, напиша на официјалната страница на Министерскиот совет на Бугарија, бугарскиот премиер Кирил Петков. „Тој е еден од симболите на борбата за слобода, идеологија на македонско-одринското револуционерно ослободително движење. Гоце Делчев е составен дел од нашата заедничка историја со народот од Северна Македонија. Тој е еднa од личностите кои ги прават горди и двата народа“, пиша Петков.

Read More

Министерката Костадинова Стојчевска беше придружувана од заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки. Како дел од државните свечени настани и одбележувања по повод 150 годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и заменичката-министерка за надворешни работи Фатмире Исаки, во име на Владата на Република Северна Македонија, денеска положија венец свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје. Во составот на бугарската делегација, покрај министерката Генчовска беше и заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова, претседателот на парламентарната Комисија за култура Тошко Јорданов и…

Read More

Според податоците на ССМ, 110.000 работници се пријавени на минимална плата од 15.200 денари.  Штрајкувачкиот одбор на ССМ донесе одлука за штрајк доколку не биде прифатен педлогот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари на денешната средба во Владата која ќе се одржи во 16 часот. Барањата на Синдикатот се минимална плата од 18.000 денари, скалесто зголемување на сите останати плати, како и регрес за сите вработени во јавниот сектор. „Од ова нема отстапка. Не дека ние не сакаме, туку тоа го налага економската, енергетската и ковид кризата, сите цени поскапеа, а ние немаме како да си ги прехраниме…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во рамките на дводневната работна посета на институциите на ЕУ, денеска во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел. На средбата премиерот Ковачевски изразил благодарност за посветеноста на европската иднина на Северна Македонија со неговите лични заложби за отпочнување на пристапните преговори на земјата со ЕУ без одлагање. Премиерот Ковачевски на средбата истакнал дека новата Влада го задржува фокусот на клучните реформски области за европеизација на владеењето на правото и борбата против корупцијата, демократското владеење, економскиот развој, енергијата и климата и дигиталните транзиции, како и на унапредување на…

Read More