Author: Biljana

Дел од персоналот нво америкснкиот конзулат во Алмати ќе си замине дома во САД. САД соопштија дека им дозволиле на службениците во нивниот генерален конзулат во казахстанскиот град Алмати кои не извршуваат витални функции, како и на семејствата на персоналот на мисијата, ако сакаат да заминат, поради вонредната состојба во Казахстан. „На 7 јануари 2022 година, Стејт департментот одобри доброволно заминување на вработените од Генералниот конзулат во Алмати и членовите на семејствата“, се вели во соопштението. „Американските граѓани во Казахстан мора да бидат свесни дека насилните протести може сериозно да влијаат на способноста на американската амбасада да обезбедува конзуларни услуги“,…

Read More

Група анти-талибански бунтовници тврдат дека во нивните редови има илјадници луѓе кои се подготвени да се борат. Али Назари, шеф за надворешни односи на Националниот фронт на отпорот во Авганистан изјави за Би-Би-Си дека групата сака да ги продолжи мировните преговори. – Но, „ако не успеат … нема да (прифатиме) никаков вид агресија, вели тој. Талибанците, сепак, тврдат дека го опколиле упориштето на групата во Панјшир, познатата Долина на петте лавови. Амрула Салех, вицепремиерот соборен од талибанците, во моментов е во Панјшир, провинција североисточно од главниот град Кабул. Оттаму, тој твитна дека талибанците распоредиле голем број војници во близина на…

Read More

Талибанците нема да го соопштат составот на нивната влада се додека САД не го завршат повлекувањето на своите војници, изјавиле двајца извори од движењето за АФП, пренесува БГНЕС. „Одлучено е формирањето на владата и кабинетот да не се објавуваат се додека е присутен и еден единствен американски во Авганистан“, изјавил извор од талибанското движење, што потоа било потврдено и од друг извор.

Read More

Египет е на „црвената листа“ на британските власти во ограничувањата поврзани со коронавирусот. Премиерлигашот Ливерпул не му дозволи на својот фудбалер Мохамед Салах да патува во Египет за септемвриските натпревари на неговиот национален тим во квалификациите за пласман на Светското првенство, соопшти денеска Фудбалската федерација на Египет. Египет е на „црвената листа“ на британските власти во ограничувањата поврзани со коронавирусот и евентуалниот настап на Салах за националниот тим ќе значи негов задолжителен двонеделен карантин при враќањето во Велика Британија. Салах ќе ги пропушти натпреварите против Ангола и Габон. Во ноември лани, Ливерпул му дозволи на Салах да отпатува во Египет…

Read More

Граѓаните во Грција кои припаѓаат на одредени ризични категории и имаат хронични болести ќе примат и трета доза од вакцината противи Ковид-19, соопшти попладнево претседателката на Комисијата за имунизација од грчкото Министерство за здравство Мариа Теодориду, јави дописничката на МИА од Атина. Третата доза ќе биде со мРНА вакцина и се однесува на: лица кои имале трансплантации на срж или матични клетки, лица кои се на листата за трансплантација, лица со бубрежна инсуфициенција подложени на дијализа, пациенти со рак кои примаат хемотерапија, пациенти со автоимуни заболувања и лица со ХИВ. Теодориду објасни дека препораката на комисијата е третата доза да…

Read More

Германија ги разгледува начините за евакуација од Авганистан по истекот на рокот за летови од аеродромот во Кабул, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи. „Додека дозволува ситуацијата на терен, сакаме да ги оставиме воздушните мостови отворени и да ги евакуираме луѓето од аеродромот во Кабул. Но, ние веќе размислуваме за начини по овој период и наоѓаме решенија за тој период“, рече портпаролот на редовната прес-конференција во Берлин, додавајќи дека Германија разговара со талибанците за евакуација на што поголем број луѓе. „Германија досега евакуираше речиси 3.000 луѓе од 43 земји преку аеродромот во Кабул“, изјави генералот Еберхард Зорн. Тој…

Read More

„Кримската платформа“ е повикана да стане меѓународен консултациски и координациски механизам со цел да се постигне „мирен прекин на привремено окупираната територија на Крим“ од страна на Русија. Ова е напишано во текстот на конечниот документ усвоен денеска по завршувањето на првиот состанок во Киев. За таа цел, декларацијата вклучува повик до Русија да се вклучи во конструктивно учество во активностите на меѓународната платформа, за што претходно беше разговарано во Киев. Во исто време, во секое министерство за надворешни работи на земјите учеснички се планира да се формира соодветна „контакт точка“ на Крим. Објаснувајќи го значењето на документот, украинскиот претседател…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден денеска на прес -конференција во Вашингтон вети дека секој Американец ќе биде вратен дома од Авганистан. „Дозволете ми да бидам јасен: ние ќе го вратиме дома секој Американец што тоа го сака. Но, не можам да ветам дека ќе биде без ризик. Не можам да тврдам каков ќе биде исходот. Но, како врховен командант и како Американец можам да ветам дека ќе мобилизираме се што е потребно за секој Американец да се врати дома. Изразувам огромна благодарност до сите храбри мажи и жени на американската војска кои се на оваа мисија. Тие се неверојатни“, рече американскиот…

Read More

Состанокот се одржа преку видео-конференција и беше посветен на состојбите во Авганистан. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на вонредниот состанок на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи. Во дискусијата биле разменети мислења и консултации во врска со улогата и идните активности на НАТО по последните случувања во Авганистан. „Од страна на министрите, како приоритетна беше истакната потребата од натамошна забрзана евакуација на граѓаните на земјите-членки и партнери, како и авганистанските граѓани кои беа ангжирани од страна на НАТО и други меѓународни организации во изминатите 20 години и сакаат да ја напуштат земјата, со…

Read More

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека неговата земја ќе соработува со талибанците, доколку тоа е неопходно. „Сакам да ги уверам луѓето дека нашите политички и дипломатски обиди да се најде решение за Авганистан ќе продолжат, па дури и да соработуваме со талибанците доколку е потребно“, рече Џонсон. Британскиот премиер кажа дека ситуацијата на аеродромот во Кабул, од која илјадници очајни Авганистанци се обидуваат да ја напуштат земјата, „малку е подобрена“. Британската Влада соопшти дека од саботата досега евакуирала 1.615 лица, вклучувајќи 399 британски државјани, 320 вработени во амбасадата и 402 Авганистанци. На прашањето дали министерот за надворешни работи, Доминик…

Read More

Дин Аломеровиќ (24) е поранешен младински репрезентативец на Македонија. Македонскиот фудбалски прволигаш, Работнички доведе уште едно засилување во тимот за тековната сезона. „Нов фудбалер на нашиот тим е Дин Аломеровиќ, кој вторпат во кариерата ќе го носи дресот на Работнички“, соопштија „дебармаалци“. Аломеровиќ последно настапуваше во Реал Баломпедика во Шпанија. Игра на левата бековска позиција, а може добро да се снајде и како офанзивен играч по левата страна. Тој во македонското првенство уште има играно и за Вардар, Македонија ЃП и за Еуромилк.

Read More

Во последните 24 часа се направени 7.571 тестирањe, а регистрирани се 1.074 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 357, Гостивар и Тетово – по 155, Куманово – 74, Кичево – 51, Струмица – 40, Дебар – 20, Струга – 27, Велес – 22, Прилеп – 21, Битола и Штип – по 17, Кавадарци – 16, Гевгелија – 15, Свети Николе – 13, Ресен – 11, Охрид и Кочани – по 9, Радовиш, Валандово и Кратово – по 8, Богданци – 6, Берово и Македонски Брод – по 5, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Виница и Пехчево – по 1. Регистрирани сe…

Read More