Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Остра реакција од Хелсиншкиот комитет за човекови права околу фемицидот на 34-годишната жена од Струга: Вчеравечер медиумите објавија вест за сторено убиство на 34-годишна жена од страна на нејзиниот сопруг во Струга. Основното јавно обвинителство Струга синоќа извршило увид во станот во кој бил убиена жената и според првичните сознанија објавени од медиумите, убиството настанало по меѓусебна расправија во станот на нивните пријатели, каде што биле на гости. Сопругот со нож ја убил жената, а потоа се обидел и да се самоубие. Убиството на жена затоа што е жена, односно фемицидот, претставува најтешка форма на насилство врз жената и е една од водечките причини…
Сите 6 англиски тимови решија да ја напуштат Европската Супер Лига. Овој потег започна со објавите на Манчестер Сити и Челси дека тие ќе го напуштат новоформираниот проект и потоа истиот беше проследен од страна на останатите 4 англиски клубови – Арсенал, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем — кои исто така се откажаа од проектот. На 19 април беше објавена Супер лигата со учество на овие 6 англиски тимови, како и Реал Мадрид, Барселона, Атлетико (Шпанија); Милан, Интер и Јувентус (Италија). Дваесет клуба требаше да учествуваат во Европската Супер Лига. На 12-те клубови основачи требаше да им се придружат уште…
Има голема неизвесност во Бугарија по изборите кои се случија на почетокот на месецот. Бугарскиот претседател Румен Радев денес го предаде мандатот за формирање на влада на десната ГЕРБ (Граѓани за Европски Развој на Бугарија). Но овој пат кандидатот за премиер на партијата не е Бојко Борисов туку на Даниел Митов, политичар кој беше поранешен министер за надворешни работи на Бугарија. ГЕРБ располага со 75 пратеници што не е доволно за мнозинство од 121 пратеник во бугарскиот парламент што е потребно за да се формира влада. Партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ која располага со 51 пратеник може да…
Иако Русија има историја со доминирање на источниот континент, особено во времето на СССР, и има поволна географска положба за да го направи истото, во 2021 Русија, сепак, останува со лимитирана трговија со европските држави, освен кога е во прашање трговија со енергија. Но и покрај фактот што во последните три децении, Русија не може да се натпреварува со ЕУ ни како партнер за трговија, ниту како инвеститор, федерацијата не се откажува од обидите за регионално влијание во Централна и Источна Европа. Статистиките околу трговијата јасно покажуваат дека ЕУ како блок сѐ уште има повеќе моќ од Руската Федерација. На…
Невладината организација ХЕРА — Aсоцијација за здравствена едукација и истражување — известува дека од денес ќе биде достапен медикаментозниот абортус во С. Македонија. ХЕРА го пишува следното: На почетокот на годината, ХЕРА и Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство започнаа со спроведување на проект за медикаментозен абортус (абортус со лекови) со цел да се подобрат капацитетите на јавното здравство за обезбедување на оваа здравствена услуга. Заради својата едноставност и безбедност по здравјето на жените, медикаментозниот абортус сè почесто го заменува хируршкиот метод за прекин на бременоста, што се потврдува и со фактот дека со лекови се изведуваат дури 80% од…
„Шоуто мора да продолжи,“ е мотото на „Оскарите“ во овие предизвикувачки времиња за филмската индустрија. Кината низ светот во најголема мерка останаа затворени за време на пандемијата поради тоа што Корона вирусот би можел лесно да се шири во затворени простори како кино салите – сепак за време на летото, 2020 на многу места работеа кината на отворено. Фактот што кината беа затворени имаше негативен ефект врз филмската индустрија бидејќи економскиот модел на многу филмски студиjа подразaбира дистрибуција на филмовите кои тие ги произведуваат во различни кино сали и секако, консумирање на тие филмови во кино. Бидејќи тоа не беше…
Многумина реагираа негативно откако 12 фудбалски клубови најавија дека сакаат да формираат своја лига која ќе биде посебна од Европската Фудбалска Асоцијација (Уефа). Сите 12 клубови имаат многу моќ и се меѓу најбогатите фудбалски клубови во светот. Дел од оваа наводна Европска Супер Лига се: Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Атлетико Мадрид од Ла Лига, Барселона, Реал Мадрид, и Милан, Интер и Јувентус од Серија А. Уефа смета дека овој обид е „циничен проект“. Имаше негативни реакции околу оваа идеја и од политичари кои се наоѓаат на различни страни на политичкиот спектар. Британскиот десничарски премиер Борис Џонсон…
Во четврток (22.04.2021) од 10:15 до 13:15 часот ќе се одржува онлајн конференција за зајакнување на Комисија за спречување и заштита од дискриминација како дел од проектот на „Мрежа за заштита од дискриминација: Здружена акција за унапредување на еднаквоста и социјалната правда на маргинализираните заедници“. Настанот е подджан од страна на Фондацијата „Отворено Општество“ – Македонија и e бесплатен. Вака гласи поканата од „Мрежата за заштита од дискриминација:“ Од Мрежа за заштита од дискриминација и Комисија за спречување и заштита од дискриминација Ве покануваме на онлајн-конференција која се организира со цел зајакнување на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
И покрај врнежливото време, во Социјалниот центар „Дуња“ група граѓани успешно собраа донации во храна, средства за хигиена и парични средства за социјално и економски загрозени семејства и граѓани. С.Ц. „Дуња“ беше основан во 2016тата година и е именуван по политички прогресивната борка за слобода Невена Георгиева – Дуња, е простор отворен за заедницата каде се одржуваат различни видови на културни, социјални и политички настани. С.Ц. Дуња се наоѓа на адресата Рајко Жинзифов бр.22. веднаш позади автобуската постојка спроти Градежниот факултет. Колективот С.Ц. „Дуња“ го вели следното околу оваа акција за заедничка помош како и акциите кои тие ги спровеле…
Имаше големи надежи за потенцијалното формирање на првиот синдикат во рамките на милтинационалната технолошка компанија „Амазон“. Но, неколкумесечната борба за синдикализација, која се водеше во oгромниот магацин во Бесемер, Алабама (САД) заврши со пораз за работниците. На изборите кои се одржаа во рамките на овој магацин, 738 работници гласаа за синдикализација, а 1 798 беа против, додека останатите 45 проценти не гласаа воопшто. Без мнозинство од 51 насто од работниците на овие избори, обидот за синдикализација не можеше да успее. Оваа борба за работнички права беше детално следена од медиумите, како и од страна на политичари, кои ги поддржуваа работниците.…
Освен дискусии околу безбедноста и достапноста на различните вакцини против Ковид-19, во оваа дебата сега влегува и стратешката гео-политика. Оваа недела изгледа дека руската вакцината Спутник V создава различни поделби во Европската Унија со тоа што некои држави сакаат да ја користат вакцината, а некои се противат. Европската Агенција за Лекови (ЕМА) сѐ уште ја нема одобрено руската вакцина, но моментално детално ја разгледува вакцината пред да ја одобри за користење во ЕУ. Некои сметаат дека поради долгиот процес за одобрување на одредена вакцина, може дози од Спутник V да стигнат дури кога повеќето европејци се веќе вакцинирани. На пример,…
Американско министерство за одбрана, односно Пентагон, денес потврди дека сликите и видеото кои излегле во 2019тата година од таканаречените „неидентификувани воздушни феномени“ се легитимни. Во изјава за CNN, портпаролката на Пентагон, Сју Гоф кажа дека фотографиите и видеата на објекти во форма на триаголник што трепкаат и се движат низ облаците беа снимени од персоналот на морнарицата. Таа потврди дека и неколку други спорни фотографии се исто така легитимни. Односно фотографиите од три неидентификувани летечки објекти — еден во облик на „сфера“, друг во облик на „желад“ и трет кој изгледа како „метален блимп“ — исто така се направени од…