Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Се очекува наскоро лидерите на ЕУ да се состанат за вонреден лидерски самит на кој ќе се дискутира за европската стратегија откако се појави новиот сој на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел. Додека земјите членки на ЕУ поединечно почнаа да воведуваат нови рестрикции за слободното движење во Унијата, Европската Комисија денеска ги повика да не го прават тоа и да се придржуваат до правилата воведени со Дигиталниот ковид сертификат летово. Португалија и Полска веќе најавија посебни ограничувања за сите патници без разлика дали се од или вон ЕУ. Поради ова претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, би требало да свика вонреден самит преку видеоконференција во наредните денови за…
Русковска за Телма: Пожарот во автобусот започнал во багажниот простор, над резервоарот на автобусот
Обвинителката Вилма Русковска во интервју за емисијата „Топ Тема“ на Телма ТВ, врз основа на информациите од бугарскиот обвинител и главниот истражител, како неточни ги опиша шпекулациите на бугарските таблоиди дека во автобусот се наоѓале и материјали за изработка на хероин која брзо горела. А, за тоа како било возможно автобусот да изгори толку бргу, Русковска изјави дека за некои испитувања е потребно повеќе време. – Инаку јас тоа точно го видов, баш го имам и сликано, делот фактички од кај што е почнат пожарот а тоа е багажниот простор кој се наоѓа над резервоарот на автобусот. Затоа што на…
Од почетокот на идната година треба со работа да почне проектот „Европска редакција“ со 16 новински агенции од ЕУ и од Западниот Балкан, ко-финансиран од Европската Комисија, јавува дописничката на МИА од Брисел. Европската комисија ја официјализираше оваа вест денеска. – Комисијата најавува дека ќе го поддржи развојот на „Европска редакција“ што ќе здружи 16 новински агенции, соопштија од Европската комисија, која за ова ќе издвои 1,76 милиони евра со цел да се „збогати дебатата на европските теми“. Вера Јурова, еврокомесарката за транспарентност, која е носител на проектот заедно со нејзиниот колега Тиери Бретон задолжен за внатрешниот пазар на ЕУ,…
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со амбасадорката на Шведска во Република Северна Македонија Кристин Форсгрен Бенгтссон. На средбата ги презентираше активностите кои Министерството за труд и социјална политика во континуитет ги презема на планот на превенција и заштита на жртвите од трговија со луѓе, особено на жените и децата. Министерката информираше дека преку Секторот за еднакви можности, МТСП има улога на координатор на националниот механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе (НМУ) кој петставува рамка за соработка и координиран приод помеѓу социјалните служби, полицијата, трудовите инспектори и невладиниот сектор. Шахпаска нагласи дека…
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека е длабоко загрижен за изолацијата на земјите од Јужна Африка, откако некои земји воведоа нови рестриктивни мерки во однос на патувањата поради новиот вид коронавирус – Омикрон. Ги повикувам сите влади да размислат за повторно тестирање на патниците, заедно со сите други соодветни и ефективни мерки, со цел да се избегне ризикот од пренесување на инфекцијата, рече Гутереш. Генералниот секретар на ОН апелираше да се дозволат патувања од економски причини.
На средбата на премиерот Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, кои со своите тимови имаа работна средба во Клубот на пратеници е постигната начелна согласност за програмскиот дел од можната идна соработка изразена преку политичко и извршно учество на Алтернатива во Владата.Како што соопшти владината прес-служба соговорниците се согласни дека реформскиот и европскиот курс за кои се определени граѓаните и државата мора да продолжат и дека во овие моменти најважна е стабилноста на институциите на државата кои им служат на граѓаните. На тој начин, се додава во соопштението, ќе се обезбедат и најдобри решенија за најголемите…
Министерот за надворешни работни, Бујар Османи на својот „Фејсбук“ профил напиша дека е донесена одлука за предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната несреќа во четврток, 2 декември. Оваа следи по остварениот телефонски разговор меѓу Османи и бугарскиот обвинител Сарафов. – Владата на Р. Бугарија го прифати нашето барање преносот од Софија до Скопје да се изврши со авион на Р. Бугарија, додека од меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол истиот или наредниот ден останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови. Останувам во блиска комуникација со семејствата за останатите детали а…
Основачот и извршен директор на Твитер Џек Дорси денеска поднесе оставка како прв човек на оваа социјална мрежа и но ќе остане член на менаџментот на Твитер најмалку до следната година. Технолошкиот директор на Твитер, Параг Агравал, ќе ја преземе функцијата на извршен директор. – Одлучив да го напуштам Твитер затоа што верувам дека компанијата е подготвена да тргне понатаму од своите основачи. Мојата доверба во Параг како директор е голема. Неговата работа во изминатите 10 години беше трансформативна. Длабоко сум му благодарен за неговите вештини, срцето и душата. Време е за водечка улога, ја пренесе Си-Ен-Ен изјавата на Дорси. Дорси се огласи и на Твитер каде напиша…
Три години компанијата „Беса Транс“ го поседувала автобусот кој изгоре на автопатот „Струма“ во Бугарија, во кој загинаа 45 граѓани. Автобусот бил произведен во 2007 година, а сите контроли покажале дека тој бил исправен, тврди газдата на „Беса Транс“ Беким Хаџиу, кој во интервју за БНТ, рече дека останува во Бугарија за да биде достапен на органите кои ја водат истрага за несреќата. Автобусот помина на технички преглед пред да замине од Турција и сè беше во ред, тврди газдата на „Беса Транс“, Беким Хаџиу во интервју за Бугарската национална телевизија, прва негова изјава за медиум по трагедијата во која…
Како последица на временските непогоди во Истанбул загинаа четири лица, а 19 се повредени, јави агенцијата Анадолија. Кабинетот на гувернерот во Истанбул, повикувајќи се на податоците на Кабинетот за вонредни ситуации (АФАД), соопшти дека загинале четири лица, а меѓу нив има и странски државјанин. Наведено е дека се повредени 19 лица, меѓу кои три се со потешки повреди. Истакнато е дека надлежните служби посветено работат на терен. Причинета е и материјална штета. Ветерот откорнал дрвја, а се превртеле и најмалку три камиони. Најмалку шест авиони на „Туркиш ерлајнс“, што требаше да слетаат во Истанбул, се пренасочени кон Анкара и Измир, информира Анадолија. Силниот ветер ги принуди властите да ги откажат траектните линии меѓу крајбрежните летувалишта Бодрум и Кас.
Развојот на нови и иновативни технологии е главниот фокус на ФИТР, кој во моментов поддржува над 780 проекти со инвестиции од 86 милиони евра, од кои голем дел се инвестиции во технолошкиот сектор, истакна директорот на Фондот Коста Петров, во своето обраќање на најголемата конференција за технологии и иновации во Израел „Improvate” на која го нагласи позиционирањето на Република Северна Македонија како стартап и технолошки хаб во регионот. Од ФИТР соопштија дека на панелот „Сајбер безбедност, закани и решенија“, Петров разменил мислења за тоа како владите, бизнисот и финансискиот сектор можат да ги заштитат податоците и како да ги заштитат…
Четири автобуси на „Беса транс“ тргнале од Турција, но тие границата со Бугарија ја минале границата во различно време, бидејќи дел од патниците инсистирале да одат на шопинг, а токму ова е причината за тоа зошто конвојот се раздвоил. Обвинителката Вилма Русковска во изјава за Телма ТВ кажа дел од деталите кои на обвинителите за несреќата им ги рекол сопственикот на „Беса транс“, Беким Хаџиу. Токму тој, вели Русковска, бил еден од возачите. – Всушност сопственикот бил и како втор возач. Кажа дека овој автобус возел позади нив. Значи тие веќе биле стигнати на граничниот премин во Бугарија, по излегување…