Author: НОВА ТВ

Од почетокот на пандемијата досега во земјава се регистрирани 200.856 позитивни случаи на Ковид – 19. Од нив, 187.374 оздравеа, а 7.087 ја изгубија битката со вирусот. Моментално има 6.395 активни случаи на корона вирусот. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 187, Куманово – 37, Kрива Паланка – 22, Штип – 20, Велес и Кавадарци – 19, Битола –  17, Тетово и Кочани  – по 16, Прилеп –  15, Охрид, Струмица и Гевгелија – по 9,…

Read More

Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија, по прогресивност и секако по обединување и ќе даде пример за целата држава, порача вечерва од Куманово претседателот на СДСМ Зоран Заев на средби со граѓани во населбата Гоце Делчев и Диво Насеље. – Во овој четиригодишен период во Куманово е инвестирано над 120 милиони евра и на тој начин му се оддолживме на Куманово затоа што 11 години државата го игнорираше овој град. Сите оние проекти што ги реализиравме, реконструкција на регионалните и локалните патишта, Соколаната, Ургентниот центар, водоводите и канализациите, се тоа е еден траен белег за тоа…

Read More

Актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат за втор мандат од редовите на СДСМ, Петре Шилегов во интервју за ТВ24 вели дека брзиот автобуски превоз (БРТ) ќе придонесе Скопје да ја добие најголема пешачка зона во Европа. – За мене стандард за Скопје е кејот 13-ти ноември. Кој што беше, условно кажано панаѓурски, стана едно прекрасно шеталиште со слободен простор и изглед и квалитет и скопјани ја имаат можноста да уживаат во него. Тоа е нешто што сакаме да го мултиплицираме во најголемата пешачка зона. Кога ќе ги затвориме главните сообраќајни коридори од големиот ринг, вие ќе ја имате најголемата пешачка…

Read More

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите на ВМРО-ДПМНЕ за работењето на полицијата, посочувајќи дека локалните избори се целосно слободни и демократски. – ВМРО-ДПМНЕ и вечерва, како што беше случај и во претходните неколку денови, продолжува да шири невистини за работењето на полицијата. Пласираат конструкции и лаги за да го нарушат угледот на полицијата. Но, фактите ги демантираат. МВР е гарант за сите слободни избори од 2017 до денес и тоа ќе продолжи да биде и понатаму. МВР како што се наведува во соопштението, апелира ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири невистини, а граѓаните слободно да ја изразат својата волја в недела,…

Read More

Владата на Северна Македонија на денешната редовна 115-та седница, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, на предлог на Комисијата за заразни болести ги донесе следните заклучоци: – Се дозволува организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот. – Се дозволува работа на барови и ноќни клубови – дискотеки, како и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот. – Се дозволува влез во секаков вид на…

Read More

Возачот на Алпин, Фернандо Алонсо, жали што не се повлече од Формула 1 пред 2018 година. – Дали се каам за нешто? Веројатно само за едно – тоа што заминав предоцна. Морав да ја напуштам Формула 1 порано. Сега е лесно да се каже, но не требаше да чекам до 2018 година. Требаше да заминам во 2015 или 2016 година, две години порано, да го пробам Дакар и трките за издржливост. Веќе во 2015 година имав такви размислувања, но ми требаше време за да одлучам. Можеби премногу време, изјави Алонсо за Планет Ф1. Во 2015 година, шпанскиот пилот се пресели…

Read More

Христо Кондовски ја има целосната поддршка од нас како партија, за кандидат за градоначалник на Битола, порача претседателот на НСДП Тито Петковски по средбата со Кондовски. – Сакам да ја искажам нашата поддршка за заедничкиот кандидат Христо, бидејќи ги има сите предиспозиции да го води градот.  На овие избори ние бираме локална самоуправа, луѓето што ќе го водат и менаџираат градот. Значи не лидерите на партиите, туку еден човек ќе го менаџира градот.  Ако сакате фото робот за тоа како треба да изгледа еден градоначалник на еден голем град, како што е Битола, тоа е Христо, рече Петковски. – Во…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Шафхаузен го освоија првиот бод во рамки на групата „Д“ од ЕХФ-ракометната лига, откако одиграа нерешено 28:28 со швајцарскиот тим Кадетен Шафхаузен. Во „Би-Би-Си арената“ во Шафхаузен, битолчани одиграа лошо прво полувреме кое го завршија со негатива од 5 голови (16:11), и тоа се чини ги оневозможи да забележат победа во дуелот со Кадетен Шафхаузен. Македонскиот претставник во второто по ранг ракометно натпреварување вечерва покажа две слики, односно слаба игра во првиот дел и ефикасна игра во вториот дел каде се истакна Периќ со 5 постигнати голови, додека во тимот на домаќините најефикасни беа…

Read More

Јавното претпријатие Водовод и канализација Скопје информира дека утре (среда) без вода ќе бидат корисниците на улиците „376“, „Самоилова“, „Банатска“, потоа Американската Амбасада, Турската Амбасада и „Јоаким Крчкоски. Причина за прекин на водоснабдувањето е уличен дефект на булевар „Македонско Косовска Бригада“ бб кај Стовариштето. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.

Read More

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Град Скопје, Петре Шилегов вечерва на интервју на Телма зборуваше и за тоа дека неговата противкандидатка Данела Арсовска во кампањата не учествува на дебати со него. – Врвот на демократијата е всушност дебатата. Ние сме тука заради публиката, не заради нас самите. Ова мене ме потсетува на некои други времиња. Круна на демократијата е дебатата меѓу противкандидатите, објасни Шилегов. На прашањето дали планира да ѝ се извини на Арсовска за, како што таа рече, дека тој ја навредил, Шилегов вели: – Мислам дека не станува за навреда, туку дека се свесни во штабот на Арсовска дека ќе бидат разобличени нејзините празни…

Read More

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска беше меѓу граѓаните на Шуто Оризари. Тој со нив разговараше за понудата на СДСМ и коалицијата за претстојните локални избори. Наша цел е, порача Заев заедно со Ферат Асан да ги мултиплицираме ефектите и да го подигнеме стандардот во урбаното живеење, во комуналната инфраструктура, квалитетот на образовниот процес и во детските градинки и во основните училишта, но и да го подигнеме економскиот стандард на сограѓаните Роми. Заев повика дека е потребно обединување за, како што рече, да продолжи напредокот на општините, како и развојот на државата. – Важно е да го постигнеме единството и…

Read More

Габриел Ескобар, заменик помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот изјави дека нема да има нова војна во Босна и Херцеговина. – Во БиХ нема да има војна и не знам зошто луѓето зборуваат за војна, а треба да зборуваат за економски развој. Кога луѓето ќе излезат на гласање, мислам дека имаат јасни опции меѓу оние кои сакаат да продолжат со етничките поделби од 1990-тите и оние кои сакаат да одат напред, изјави Ескобар за Ал Џезира Балкан. На прашањето дали САД работат на пакет санкции за функционерите во БиХ, тој одговори дека се уште…

Read More