Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Во зависност од епидемиолошката состојба, зависи и тоа дали новата учебна година ќе се заврши онлајн или од училишните клупи. Владата на денешната седница одлучи новата учебна година да започне со физичко присуство, со полн капаитет, според утврдените и донесени протоколи. Ова во Владата го предложило Министерството за образование и наука, откако претходно одобрение дале од Комисијата за заразни болести. – Исклучоци од оваа одлука може да се однесуваат на деца со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од семејства со хронично болни семејства, по барање на родителите, како и други немедицински причини со дозвола на училиштето, соопштија од…
Ако се враќате од одмор во странство во Македонија од 1 септември, а не сте вакцинирани или не сте прележале Ковид – 19 во изминатите 45 дена, направете си ПЦР тест. Во спротивно, ќе бидете пратени во домашна изолација од седум дена. Од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да влезат во земјава со потврда за примени намалку две дози вакцина, сертификат за прележан Ковид – 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или пак медицинска потврда со негативен ПЦР тест направен во изминатите 72 часа пред влез во државава. – За нашите…
Без разлика на капацитетот на кафулињата и кафеаните и присутни гости во објетот, сите ќе мора да бидат вакцинирани или да прележале Ковид – 19 во изминатите 45 дена. Угостителските објекти со капацитет поголем од 30 гости ќе мора да ангажираат редарска служба за да контролираат дали гостите имаат соодветен сертификат и дали е валиден, а во угостителските објекти со помал капацитет проверките ќе ги прават оние кои работат во него. Овие мерки стапуваат на сила од утре. Владата на денешната седница ги донесе најновите мерки, протоколи препораки за заштита на здравјето на населението од Ковид – 19, врз основа…
Македонија ниту настрадала во минатото, ниту ќе настрада сега од тоа што ги отвори своите врати за примање на бегалци како дел од глобална хуманитарна операција, за спасување човечки животи. На ова ние сме се обврзале како членка на Обединетите Нации и како потписници на многу меѓународни акти и конвенции за правата на човекот и за правата на бегалците. Притоа, ние не можеме да бираме дали бегалците се од Авганистан а пред тоа биле од Босна и Херцеговина, Косово, утре можеби од кој знае каде. Бегалецот е бегалец независно од полот, расата, потеклото, стар или млад, образован или аналфабет и…
Денеска се регистрирани 999 нови случаи на Ковид – 19. Од почетокот на пандемијата досега во земјава се дијагностицирани 163.452 слуачи. Во 24 часа оздравеа 184 пациенти, а починаа 14 лица. Во последните 24 часа се направени 7.245 тестирањa, а регистрирани се 999 нови случаи на Ковид-19, 14 починати и 184 оздравени пациенти. Од 999 нови случаи во Скопје има 325 регистрирани, во Тетово – 184, Гостивар – 132, Куманово – 79, Кичево – 50, Струмица – 42, Струга – 33, Охрид – 20, Битола, Кочани и Берово – по 15, Прилеп – 14, Кавадарци и Ресен – по 10,…
Шефот на државата им го честиташе големиот успех на ракометарките. По победата на Б кадетското европско женско ракометно првенство во Клапеида, Литванија, претседателот Стево Пендаровски попладнево ги прими ракометарките и стручниот штаб на женската ракометна кадетска репрезентација – селекција до 17 години (У17), селекторот Љубомир Савевски и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов. Честитајќи им го големиот успех, претседателот Пендаровски истакна дека нивните постигнувања влеваат надеж за иднината на женскиот ракомет. – Навистина имаме со што да се гордееме. Вашиот успех е и наш, национален успех. Посакувам да ја задржите меѓусебната кохезија, да се почитувате и да бидете пред се, најдобри…
Германската амбасадорка ја посети компанијата со германски капитал, „Костал Македонија“. „Костал“ како фирма е важна за земјата бидејќи тука не станува збор само за трудово интензивна дејност, туку за производство на производи со поголема додадена вредност, дотолку повеќе што компанијата вработува значителен број работници. Ова денеска го истакна амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја Анке Холштајн, која во рамки на работниот престој во Охридско-струшкиот регион ја посети компанијата со германски капитал „Костал Македонија“, каде се сретна со генералниот менаџер Виктор Мизо. – Токму тоа и треба на земјата, модерна технологија и високо развиена индустрија. Тоа е она што…
На Богородица се чека 15 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На граничниот премин Богородица за излез од државата времето на чекање е до 15 минути, додека на Табановце за излез се чека околу еден час. На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената…
Утре времето ќе биде топло со мала до умерена облачност. Во земјава попладнево имаше развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи во планинските подрачја на североисток. И во Скопската котлина е нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината и во форма на невреме со појава на град. Како што соопшти УХМР, до крајот на денот ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за невреме со град. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а…
ЦУК аперлира – ако забележите чад или оган веднаш пријавете. Во земјава има шест активни пожари. Се уште е активен пожарот кај село Раовиќ, Општина Сарај. Утрово се забележува мало чадење на сртот од планината кон Матка, а чадење со помал интензитет се гледа кај Осој, на линијата меѓу селата Буковиќ кон Чајлане. Интервенираат десетина лица од ловиште „Јасен“, соопшти денеска Надица В’чкова од Центарот за управување со кризи (ЦУК). На редовната попладневна прес-конференција за состојбата со пожарите до 17 часот, Вчкова информира дека е активен пожарот во атартот на селата Ракле, Никодин и Топлица во општина Прилеп. Се работи…
На 7 членови ќе се намали бројот на управните одбори чии основач е Владата, Град Скопје и општините во кои живеат повеќе од 50.000 жители. Додека челнови на управен одбор во јавно претпријатие основано од Општина во која живеат над 50.000 жители се намалува на пет членови. Ова е предвидено со предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија, а денеска Владата на седница го усвои текстот на законското решение. – Надоместокот за членовите на управните одбори нема да може да биде поголем од половина од просечната плата на вработените во одреденото јавно претпријатие, додека пак,…
Претседателот на САД, Џо Бајден, во своето прво јавно обраќање откако талибанците ја презедоа контролата во Авганистан рече дека цврсто стои зад својата одлука за повлекување на американската војска од Авганистан. – Наша цел во Авганистан никогаш не била да ја градиме нацијата, туку да спречиме терористички напад на американското тло. Наследив договор според кој САД требаше да се повлечат од Авганистан до 1 мај. Талибанците се најсилни од 2001 година и мојот избор беше или да го почитувам тој договор или да влеземе во војна со талибанците. После 20 години научив дека не постои добро време за повлекување. Американците…