Author: Ivana

Теренската вакцинација продолжува и утре во над 90 населени места. Министерството за здравство попладнево информираше дека вакцинацијата ќе се одвива во следниве населени места: Делчево/Македонска Каменица – Цера Тетово –  Желино, Стримница, Долна Лешница, Горна Лешница, Палатица, Требош, Узурмишт Гостивар –  Чегране, Форино, Врапчиште, Чајле Штип – Чардаклија, Горен и Долен Балван, Крупиште Прилеп – Ракле, Никодин, Царевиќ Свети Николе –Мустафино Кратово –   Страцин, Димонце,Пендак,Крилатица, Таламанце, Трновац Виница – Лаки, Драгобраште Демир Хисар –  Бараково, Единаковци, Света Валандово – Пирава Струга – Радолишта, Шум, Заграчани Крушево – Норово, Алданци, Селце Ростуше – Присојница Дебар –  Могорче Струмица – Свидовица…

Read More

Медицински тимови од ЗД Пробиштип, рано утрово започнаа вакцинација во село Турско Рудари, напиша на својот Фејбук профил, Министерот за здравство Венко Филипче. – Заинтересираноста на жителите е голема, а процесот на вакцинација се одвива одлично. Апелирам до граѓаните во што поголем број да се вакцинираат, вакцините се безбедни и ефикасни и единствен начин да се победи пандемијата, вели министерот. Според него, процесот на теренска вакцинација ќе се одвива на територија на цела држава, медицински екипи ќе го посетат секое село, рурално населено место, населба.

Read More

Во Собранието на Северна Македонија денеска ќе заседава собраниската Комисија за финансирање и буџет која ќе расправа за ребалансот на Буџетот за 2021 година, во второ читање. Вкупните приходи се планирани на ниво од 222,6 милијарди денари и се за околу 10 милијарди денари или 4,7 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции, додека вкупните расходи се на ниво од 268,8 милијарди денари или се повисоки за околу 21 милијарди денари. Капиталните расходи се планирани на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година. Дефицитот е проектиран во износ од 46,2 милијарди денари,…

Read More

Како се распределуваат партиските гласачи на изборите за парламент во Бугарија по пол, возраст, локација и образование, тоа е дел од анализа на Галуп објавена од Бугарската национална телевизија. ГЕРБ, „Демократска Бугарија“ и „Има таков народ“ (ИТН) практично спорат за поддршка на најобразованите луѓе во Бугарија. Луѓето со средно образование, кои се и најголемиот дел од гласачите, најчесто гласаат за ГЕРБ, ИТН и БСП. Поддршката на помалку образованите граѓани е за ДСП и БСП во најголем дел. Според возраста, младите гласачи на возраст меѓу 18 и 30 години најчесто гласале од ИТН, но далеку зад нив се „Демократска Бугарија“. ГЕРБ…

Read More

Почнувајќи од денес граѓаните ќе може да се вакцинираат за Ковид 19 без да закажат термин за вакцинација. Граѓаните кои немаат закажано термин, првата доза вакцина ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените, домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи. Во спортските сали, ќе се врши масовна ревакцинација и таму нема да се вакцинираат граѓани кои немаат термин за вакцина. Вакциналните пунктови во јавните здравствени установи, ќе имаат работно време, кое е објавено на вратите од здравствените установи. Во Скопје вакцинарање без закажан тремин, ќе има во Поликлиниките Јане Сандански, Букурешт…

Read More

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица за излез од државата има задржување од 30 минути , додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Read More

Светската здравствена организација соопшти дека не е јасно дали трета доза вакцина против Ковид-19 за одржување на заштитата од коронавирусот, јави Гардијан. Во изјава испратена до Си-Ен-Ен, Фајзер/Бионтек соопшти дека имунитетот на луѓето почнал да слабее шест месеци откако биле вакцинирани. Фајзер/Бионтек вчера соопштија дека планираат да побараат од американските и европските регулатори да одобрат довакцинација со трета доза, врз основа на докази за зголемен ризик од зараза шест месеци по вакцинацијата и поради ширењето на многу заразната делта варијанта на вирусот, која прво беше идентификувана во Индија. – Не знаеме дали ќе бидат потребни засилувачки вакцини за да се…

Read More

Останавме во шок кога ја слушнавме пресудата за лицето кое ја прегази Верче. Дали 15 месеци казна затвор е соодветно за некој кој од раце ни ја откина сестра ми, го прекина нејзиниот млад живот? Ќе се жалиме, во неверување сме од изречената казна за едно вакво, тешко дело – во телефонски разговор за „Фокус” вознемирено раскажува Мартин Белчовски, брат на Верица Белчовска (20) од Русиново, која на седми април годинава беше прегазена на пешачки премин во Струмица. Возачот, осумнаесет годишниот И.Ч. од Струмица не и укажал помош и избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, самиот се…

Read More

Министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за животна средина и енергија на Република Грција, Костас Скрекас, денеска во Атина го потпишаа Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Грција за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција-Северна Македонија.На потпишувањето на договорот присуствуваа претседателот на Владата Зоран Заев, заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, извршниот директор на „Национални енергетски ресурси“ АД Скопје, Бајрам Реџепи, како и амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Грција, Џефри Пајат.Со потпишувањето на овој Договор се гарантира намерата…

Read More

На маргините на конференцијата на „Економист“ во Атина, премиерот Зоран Заев, оствари средба со амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат. На средбата, со фокус на енергетско-економските иницијативи, присуствуваа и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија, Крешник Бектеши. Премиерот Заев изрази благодарност за севкупната поддршка што Северна Македонија ја добива од САД во континуитет и рече дека денешното потпишување на Договорот за гасниот интерконектор е историски за Северна Македонија од аспект на тоа што Северна Македонија за прв пат инвестира во Грција во еден ваков стратешки проект за…

Read More

Премиерот Зоран Заев, заедно со Дејвид Харис, извршен директор на Американскиот еврејски комитет, одржаа средба во рамки на работната посета на Атина. Главниот акцент на разговорите, се вели во соопштението од владината прес-служба, бил ставен на најактуелното прашање за ЕУ-перспективата на нашата земја. Премиерот Заев истакнал дека еврејската заедница во земјава иако е мала, таа е многу активна и придонесува во градење на демократското општество со свои претставници во националните институции. Извршниот директор на Американскиот еврејски комитет, Харис, се вели во соопштението, рече дека премиерот Заев и Северна Македонија имаат голема поддршка за евроинтеграциските процеси на земјата. Како што беше…

Read More

Децата во Гевгелија имаат негативни тестови на ковид, допрва ќе се испитува за каква инфекција се работи, информира Министерот за здравство Венко Филипче. – Денеска во Гевгелија ќе оди тим на педијатри од Детската клиника каде заедно со тамошните лекари во Општата болница ќе испитуваат од каква респираторна инфекција заболеле 50 – тина деца и бебиња во овој град, истакна Филипче. Министерот потенцира дека се уште нема детали за каква инфекција се работи, ниту индиции што би можело да ја предизвика, додавајќи дека нема пријавени вакви случаи во други градови. Лекари од детската клиника, предводени од директорката Аспазија Софијанова итно заминаа…

Read More