Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши и Скрекас потпишаа договор за изградба на интерконектор за пренос на природен гас

0
By Ivana on July 9, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 9, 2021 15:04

Министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за животна средина и енергија на Република Грција, Костас Скрекас, денеска во Атина го потпишаа Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Грција за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција-Северна Македонија.

На потпишувањето на договорот присуствуваа претседателот на Владата Зоран Заев, заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, извршниот директор на „Национални енергетски ресурси“ АД Скопје, Бајрам Реџепи, како и амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Грција, Џефри Пајат.

Со потпишувањето на овој Договор се гарантира намерата на Владите на двете земји да ја прошират постоечката соработка во енергетскиот сектор, со цел да ја зајакнат соработката во секторот за гас преку промовирање на интерконекцијата на нивните гасни системи.

Изградбата на интерконекторот има за цел да ги зајакне односите помеѓу Северна Македонија и Грција и Европската Унија, да ја олесни трговијата со природен гас помеѓу двете земји, како и да овозможи и понатамошен развој на мрежата за пренос на гас на Република Северна Македонија. Една од главните предности од изградбата на интерконекторот е подобрување на сигурноста во снабдувањето и ликвидноста на пазарот на гас во Република Северна Македонија и снабдување со гас од Јужен коридор.

„Денеска имавме одлична прилика со мојот драг колега Костас да го потпишеме договорот за изградба на интерконекторот што се однесува до природен гас помеѓу Северна Македонија и Република Грција. Ова е голем чекор напред кон подобрување на енергетската инфраструктура на нашата држава и тоа ќе придонесе за диверзификација во снабдувањето со природен гас, а секако и во стабилноста во снабдувањето со природен гас. Ова е многу важно не само за односите меѓу двете држави кои секојдневно се подобруваат, ова е важно посебно за економијата во нашата држава имајќи во предвид дека ќе се зголеми конкурентноста на нашите компании, ќе бидат намалени цените во делот на природниот гас, а секако ќе ни даде и дополнителна можност за тоа да го продолжиме и кај нашите северни соседи како што се Република Косово и Република Србија. Затоа би сакал да ја искористам приликата уште еднаш да му се заблагодарам на министерот за одличната соработка што уште еднаш е одличен знак за продлабочување на соработката во различни сектори на општеството кај нашите две држави“, кажа министерот Бектеши по потпишувањето на Договорот.

„Потпишавме меѓувладин договор за изградба на гасовод за природен гас што ќе почнува од Неа Месимврија и ќе завршува во Гевгелија и на овој начин постигнуваме две работи. Прво, ја надградуваме геополитичката улога на Грција, со оглед на тоа дека уште повеќе ја зајакнуваме нејзината улога како енергетски крстопат, што од нашиот национален систем ќе пренесува природен гас во Северна Македонија и од друга страна на нашиот северен сосед му даваме можност да може да го намали влијанието врз животната средина, да ја постигне енергетската транзиција и постепено, да ги замени со природен гас позагадувачките облици на искористување на производството на електрична енергија и така, ова да придонесе и во општата европска визија, Европа да биде прв, климатски неутрален континент до 2050.  Ова е важен договор, ќе се создадат илјадници работни места за време на изградбата. Околу 110 милиони евра ќе чини изградбата на овој важен проект, што ќе ги обедини двата системи за природен гас на двете држави и секако, откако ќе почне со работа, овој гасовод многу ќе помогне во дополнителниот развој на нашите економии“, кажа министерот за животна средина и енергија на Грција, Костас Скрекас.

Вкупната вредност на овој проект изнесува околу 100 милиони евра. Од овие средства инвестицијата на Северна Македонија изнесува 54 милиони евра.


Бектеши Грција Договор Македонија Скрекас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.