Author: НОВА ТВ Balaban

Министерството за надворешни работи денеска во скенирана верзија  ја објави официјалната потпишана верзија  од Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија. Верзијата може да се види на овој линк Шефот на дипломатијата, Бујар Османи со неговата колешка од Бугарија, Теодора Генчовска на 17. јули во Софија го потпишаа Протоколот. Потписот на двајцата министри врз документот, кој е и записник од втората седница на Мешовитата македонско-бугарска комисија, се смета за отворање пат кон почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ. Што се однесува на добрососедските односи со Бугарија, Османи нагласи дека Европската комисија нема да дава извештаи,…

Read More

Денеска претставници на Владата на Северна Македонија и Стопанската комора на Северна Македонија предводени од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на комората Бранко Азески, придружувани од директорката на царина, Славица Кутиров и претставници на надлежните институции и агенции беа во посета на граничниот премин Табановце и одржаа работна средба за анализа на протокот на патници, возила, транспортери, стоки и производи и за преземање дополнителни мерки за побрзо пропаѓање на границата. Во моментов интензивно се работи на олеснување на протокот во летниот шпиц кој е двојно поголем во споредба со јуни, а тројно во споредба со мај оваа…

Read More

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, заедно со министерот за здравство Беким Сали и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, го  отворија реновираниот Хируршки ургентен центар во Скопје, информираа од Владата. Заедно со директорот на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ Александар Трајановски, ја потенцираа важноста од инвестициите во осовременување на здравствените установи во земјава, се со цел подобри услуги за граѓаните. Станува збор за целосна реконструкција на 400 метри квадратни на Хируршки ургентен центар за што се одвоени 8 милиони денари буџетски средства и средства од донации. Вицепремиерката Грковска истакна дека инвестиции во јавното здравство…

Read More

Собранието на Република Северна Македонија со еден час задоцнување ја започна работата по продолжението по 71. седница. Со потписи на 20 пратеници Хисни Имаили од Алтернатива е предложен за нов потпретседател на Собранието. По предлогот, за збор се јавија 19 пратеници. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, меѓудругото, изрази надеж дека Исмаили ќе го почитува Деловникот за работа на Собранието, законите и Уставот. На дневен ред на оваа седница се и годишните извештаи на Народниот правобранител, како и годишните извештаи за работата на Судскиот совет, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државната комисија за жалби по јавни…

Read More

Мора да се напише извештај за секој поединечен случај. Да бидеме  реални, 560 предмети ќе ни одземат доволно време, за на јавноста да ѝ дадеме конечен и прецизен извештај што се случувало во „Жан Митрев“. Дозволете да ја работиме нашата работа, нагласи министерот.   Во врска со индикациите со случајот во Клиниката „Жан Митрев“  јавноста беше информирана дека ние побаравме соработка со пет институции кои се поврзани со министерот за здравство. Притисокот за овој случај од јавноста е огромен за брзо решение и брзи заклучоци на комисијата. Од Клиниката добивме материјали, се работи за 560 пациенти, кои биле третирани со хемофилтрација…

Read More

Со концерт на сопранот Дариа Масиеро и пијанистот Андреа Кампора вечер во црквата „Света Софија“ ќе се одржи традиционалната Италијанска вечер на фестивалот „Охридско лето“. Дариа Масиеро е една од најзнaчајните вокални уметници во Италија. Настапувала со некои од најголемите оперски имиња на денешницата, како и на најпрестижните оперски сцени и на реномирани оперски фестивали. Масиеро, како што соопшти националната установа „Охридско лето“ настапува во водечките сопрански ролји на италијанскиот репертоар како Елизабета во „Дон Карлос“ во Миланската „Скала“ и на фестивалот во Салцбург, таа е Лејди Магбет во „Магбет“ и Лиу „во Турандот“ театарот „Петруцели“ во Бари, Манон Леско…

Read More

Министерот за здравство, Беким Сали, рече дека засега во земјава нема регистрирано појава на мајмунски сипаници и додаде дека во случај да се појават, здравствениот систем е подготвен со сѐ што е потребно. – Засега немаме забележано случај со мајмунски сипаници кај нас. Да напоменам дека Институтот за јавно здравје располага со тестови за препознавање на таквиот вирус. Според државниот координатор за вакцинација, ќе имаме на располагање вакцини, доколку се појави таков случај, рече Сали.

Read More

Во Црна Гора, поради влошување на епидемиската состојба предизвикана од коронавирусот, во следните 15 дена ќе биде задолжително носење заштитни маски, а здравствените власти уште еднаш апелираа до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19. Директорот на Институтот за јавно здравје, Игор Галиќ, изјави дека задолжително ќе биде носењето заштитни маски во сите институции на јавната администрација, продавници за храна, аптеки и бензински пумпи. Мерката се воведува поради зголемувањето на бројот на заболени и хоспитализирани лица. Галиќ додаде дека заштитните маски се задолжителни и во затворените места на аеродромот, железничките и автобуските станици и најави дека ќе следи задолжително носење маски…

Read More

Комората на приватно здравство при Сојузот на стопански комори на Македонија реагира на одлуката на Комисијата за заразни болести, матичните лекари да дежураат во новите ковид амбуланти. – Матичните лекари се доктори вработени во приватни здравствени установи, а не во јавно здравство, поради што и нема правни можности да им се наметнуваат обврски, туку соработката треба да биде на договорен основ, регулирана со соодветен правен акт. Како доктори и управители на приватните здравствени установи тие имаат обврски кон своите матични пациенти и кон ПЗУ како правен субјект, што  вклучува континуирана здравствена грижа за сите матични пациенти, а не само за…

Read More

Клучни препораки на ДЗР се: донесување на стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; прецизирање на барањата и прилагодување на описот на задачите во актот за систематизација со надлежностите и активностите кои се вршат, како и усогласување на актите за пресметка на плата со законските прописи; воспоставување на внатрешна ревизија. Државниот завод за ревизија го објави Конечниот ревизорски извештај  од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Јавно радиодифузно претпријатие „Македонска Радиотелевизија Скопје”. Во извештајот се наведуваат неколку клучни утврдени состојби: не се донесени стратешки, плански, програмски и подзаконски акти;  непрецизни одредби во актот за…

Read More

Бројот на активни случаи изнесува 5.026  Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.866 тестови, а регистрирани се нови 884 случаи на КОВИД-19: Скопје – 359, Битола – 65, Куманово и Прилеп – по 46, Кавадарци – 44, Велес – 41, Охрид – 37, Тетово – 35, Струмица – 26, Штип – 25, Гостивар – 21, Струга –  20, Радовиш – 17, Кичево – 14, Неготино – 13, Гевгелија – 11, Ресен – 10, Дебар – 9, Кочани – 8, Крива Паланка – 7, Крушево – 6, Кратово –…

Read More