Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Поради минирање затворен за сообраќај е регионалниот пат Градско – Прилеп. Како што информира АМСМ, патот е затворен од 12:35 часот.
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров, денеска преку својот Фејсбук профил, потврди дека поднесува оставка од својата функција. „Голема благодарност до сите наши партнери, корисници, интернационални организации и членовите на Националниот стартап совет за безрезервната поддршка овие 14 месеци. Најголема благодарност до моите колеги од ФИТР за рекордните успеси во 2021 година“, напиша Петров, кој ја сподели анализата на перформансот на компаниите ко-финансирани од ФИТР.
За објект со површина до 80 метри квадратни висината на надоместот се зголемува за 50 проценти, како казна за бесправното градење, а за објект од над 80 метри се зголемува за 100 проценти. Подготвен е нов Предлог закон за бесправно изградени објекти со кој предмет на легализација ќе бидат дивоградби изградени до 1 јануари 2021 година, со исклучок на тие што се изградени во границите на Охридскиот регион, заштитените подрачја, ….како и згради, доградби и надградби на згради, времени у помошни објекти. Ресорниот министер, Благој Бочварски, денеска соопшти дека се предвидува скалест начин на пресметување на надоместот за легализација. За…
Во вакви услови, за мене лично и за мене како премиер, заради политиките во кои верувам, заради демократските и европските вредностите во кои верувам, политички неодговорно и неоправдано пред мојот народ и мојата земја би било јас лично да продолжам да ја водам Владата на евроатланскиот пат, напиша Заев во оставката Собранискиот спикер, Талат Џафери, предмалку ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев. Со овој чин, во оставка, исто така, е и сиот негов кабинет и почнаа да течат уставните рокови за избор на нова Влада. Претседателот Џафери појасни дека нема да има нови седници во вакуумот до избор на…
Жител на Младо Нагоричане бил приведен, бидејќи агресивно се однесувал кон полициски службеници и оштетил инвентар во угостителски објект во Куманово, соопшти денеска полицијата. – Вчера во 14:24 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Д. (49) од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, затоа што оштетил инвентар во угостителски објект на улица „Доне Божинов“ во Куманово и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од полицијата. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Прес-конференција на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски
На 22.12.2021 во периодот од 13 до 16.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово, со судски наредби за издржување на затворски казни, ги привеле З.Ј. (56) од Тетово, И.А.(24) од тетовско Долно Палчиште и Ф.Џ.(53) од тетовско Боговиње. Тројцата биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казните.
На 22.12.2021 околу 20.40 часот во колонијална продавница во тетовско Долно Палчиште, сопственост на 58-годишниот Т.Р. од ова село, пронајдени и одземени се 1.380 разни видови пиротехнички средства. Претходно, околу 18.20 часот пред угостителски објект на Градскиот плоштад во Тетово биле пронајдени 691 парчиња петарди. По целосно расчистување на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Обвинетиот 31-годишен жител на Гостивар, на 27 јули, со употреба на сила и закана извршил обљуба врз девојка која во моментот на сторување на делото имала 17 години. Оштетената, инаку невенчана сопруга на братучед на обвинетиот, за цело време давала отпор и се обидувала да побегне, но тој со удари со бокс и влечење за коса ја принудил на полови дејствија. По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 31-годишен жител на…
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (11,7 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (10,1 процент) и Информации и комуникации (10,1 процент). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава изнесува 29. 145 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, изнесува 104.5. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (11,7 проценти),…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за нерегистрирани возила. Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), 46 за непрописно паркирање. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме…
Последните неколку дена според податоците се запленети над 30 илјади парчиња пиротехника и приведени се неколку лица. Паралелно, Министерството продолжува со превентивни активности за да се спречи употребата на овие средства, информираа портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, во однос на прашањето дали ќе има дополнителни мерки за употреба на оружје и распрскувачки материјали. Во оваа прилика портпаролите потсетија на Законот за прекршоци на јавниот ред и мир, којшто во член 31 предвидува глоба од износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој што неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства и сличен…