Author: НОВА ТВ Balaban

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност,а екстремно пребрзите и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. Денеска (29 ноември) од 7 до 10 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата надвор од населено место, во рамките на која биле откриени и санкционирани вкупно 28 прекршоци, односно пречекорувања на максимално дозволената брзина (ТЕ-17 и ГВ-11). Најголемиот број од пречекорувањата (17) биле направени од возила кои според…

Read More

СЗО ги охрабрува земјите да придонесат за собирање и споделување на податоци за хоспитализирани пациенти преку Платформа за клинички податоци на СЗО COVID-19 за брз опис на клиничките карактеристики и исходите кај пациентите. Варијантата Омикрон ќе се шири, најверојатно, на меѓународно ниво, што би можело да претставува „многу висок“ глобален ризик, соопшти денеска Светската здравствена организација. Но, како што се нагласува во најновото соопштение, сè уште не е јасно дали Омикрон е попренослив ( полесно се пренесува од човек на човек) во споредба со останатите варијанти, вклучително и Делта. Бројот на луѓе заразени со оваа најнова варијанта не е зголемен…

Read More

Заради обилните врнежи во текот на изминатите 24 часа настана заматување на водата. Граѓаните да не ја користат за пиење или пак доколку се конзумира истата задолжително да се преврива, информираа денеска од Јавното претпријатие „Комуна“  од Општина Крушево.

Read More

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден велешанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. Осомничениот, во дворот од куќата на неговата баба каде тој повремено престојувал, неовластено заради продажба држел 420,6 грама наркотична дрога – марихуана. Дрогата, спакувана во едно најлонско кесе, ја чувал во метално буре во дворот, а полициски службеници од СВР Велес ја пронашле при претрес. Со оглед на тоа што осомничениот веќе е осудуван за исто кривично дело и дека во текот на истражната постапка треба…

Read More

Групата блокираше магацини и во Германија и во Холандија. Климатските активисти и синдикатите на „Црн петок“ протестираа низ Европа и светот пред магацините  на Амазон, компанија во сопственост на еден од најбогатите луѓе во светот, која честопати е критикувана за непочитување на работнички права и недоволно платените даноци. Амазон, корпорација на Џеф Безос со седиште во Сиетл, беше критикувана од активисти за климата за, како што тврдат, прекумерната потрошувачка што и штети на животната средина. Синдикатите, пак, ја обвинуваат компанијата, која се фокусира на е-трговија, за прениски плати, ужасни работни услови и задушување на работничките здруженија. Амазон е вториот најголем…

Read More

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) во содејство со СВР Охрид денеска до Основното јавно Обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од МВР. Од полицијата соопштуваат дека во периодот од јули до ноември годинава, И.Д. набавил кокаин од едно лице, по што заедно со второпријавената Д.Д. во неговиот дом го препакувале во помали пакувања и го препродавале по цена од 4.000 до 5.000 денари за еден грам, за што се обезбедени…

Read More

Едно од нив имало неисправни сопирачки, а две биле со неизвршен технички преглед. Вчера (25 ноември) од 10 до 15 часот, на поширокото гостиварско подрачје спроведена е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Во контролата откриени и санкционирани се 3 технички неисправни возила. Едно од нив имало неисправни сопирачки, а две биле со неизвршен технички преглед. Возилото со неисправни сопирачки веднаш е исклучено од сообраќај и на тројцата возачи изготвени им се соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот  на патиштата и Законот за возила.

Read More

Во над 80 отсто од случаите на фемициди, иако и претходно постоело насилство, ниту една од  вкупно 14 убиени жени не пријавила во надлежните институции. Фемицидите, односно родово базираните убиства на жени од страна на мажи, се „скриена пандемија“ која ја загрозува безбедноста на голем број жени и девојки. Од вкупно 26 убиства на жени, извршени во државата во периодот од 2017 до 2020 година, 22 се квалификувани како фемициди, со оглед на тоа што сторители се сегашни и поранешни партнери или други членови на семејството на жртвата, покажува Анализата на случаи на фемициди, која денеска беше презентирана. – Една…

Read More

Бидејќи неговото име се најде на листата на повредените патници од несреќата на автобусот на „Беса транс“, произлегува дека од клиниката по грешка го внеле на тој список, наведува „24 Часа“, додавајќи дека Салех веќе е отпуштен од болницата. Бугарскиот државјанин Сади Салех по грешка бил вклучен на листата на повредени патници од несреќата на автобусот на „Беса транс“, што се случи на автопатот „Струма“ во Бугарија во вторникот во раните утрински часови, објави најтиражниот бугарски весник „24 Часа“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Салех се обратил до редакцијата на „24 Часа“, објаснувајќи дека нема никаква врска…

Read More

На 25.11.2021, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, ги лишиле од слобода И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и повеќе банкноти денари и евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Европската комисија (ЕК) ќе побара итна забрана на летови од регионот на Јужна Африка откако беше откриен нов сој на коронавирусот, објави на Твитер  претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Таа напиша дека предлогот ќе го поднесе во координација со земјите-членки на ЕУ. Новиот сој на вирусот – Б.1.1.529 во Јужноафриканската Република досега е откриен кај 77 лица, а првите случаи се регистрирани и во други земји, како Боцвана и Хонг Конг. И Израел соопшти дека го регистрирале вирусот кај граѓанин кој се вратил од Малави. По откривањето на новиот сој на коронавирусот во Африка и Светската здравствена организација…

Read More

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, за претседател на Комисијата за помилување е именувана Уранија Пировска, а за членови се именувани Фехми Стафа, Љубомир Јовески, Љубомир Михајловски, Темелко Ристевски, Ерол Рушид, Томислав Кежаровски, Божин Аврамовски, Сафет Aлиу, Зора Митиќ и Билјана Петковска. Претседателот на државата Стево Пендаровски донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за помилување. Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, за претседател на Комисијата за помилување е именувана Уранија Пировска, а за членови се именувани Фехми Стафа, Љубомир Јовески, Љубомир Михајловски, Темелко Ристевски, Ерол Рушид, Томислав Кежаровски, Божин Аврамовски, Сафет Aлиу, Зора Митиќ…

Read More